ПРИХОДИ ПОД ДВА МИЛИОНИ: Нема ДДВ, тргнете се од системот
Објавено во: Економија 04 Јануари, 2020
Уште една даночна измена за која течат роковите. Од годинава се зголеми прагот за ДДВ обврзник од еден, на два милиони денари. Но има рок за дерегистрација од системот за оние кои имало потреба да се, а сега веќе не се даночни обврзници.
Имено сите кои годинава биле ДДВ обврзници заради понискиот праг, а не надминуваат два милиони денари и сега сакаат да се спасат од тоа, имаат можност доброволно да се дерегистрираат од системот, ама само до 15 јануари. Затоа УЈП повикува да го сторат тоа.
Со измените во Законот за данок на додадена вредност се менува и периодот во кој обврзникот е должен да остане во системот на ДДВ и истиот се скратува на три години од тековните пет години.