28 Март, 2024
0.0259

Придружете му се на дијалогот за постепено напуштање на употребата на јагленот и праведна транзиција во регионите со јаглен во Западен Балкан и во Украина

Објавено во: Мои пари 15 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Заеднички водена од Европската комисија и нејзините меѓународни партнери, Иницијативата за регионите со јаглен кои се во транзиција во Западен Балкан и во Украина ги поканува сите заинтересирани страни да се придружат на годишниот состанок на иницијативата на 23-24 јуни. Целта на настанот е да поддржи отворен, повеќестран дијалог за постепено напуштање на употребата на јагленот и правична транзиција кон одржливи извори на енергија во Босна и Херцеговина, Косово* , Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Украина. 

Намерата на иницијативата е заеднички да ги истражи патеките за правична транзиција на регионите со јаглен во Западен Балкан и Украина и да постигне во остварувањето на целите на Зелениот договор. Иницијативата е воспоставена во контекст на посветеноста на ЕУ за справување со климатските промени и за да помогне во остварувањето на целите на Парискиот договор, како и заради взаемна размена со соседните земји и амбицијата да стане прва јаглерод-неутрална економија до 2050, и таа вклучува придружни мерки за правична и фер транзиција во регионите со јаглен во Западен Балкан и Украина Иницијативата ја предводи Европската Комисија, во соработка со шест меѓународни партнери: Светската банка, Секретаријатот на Енергетската заедница, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската инвестициска банка (ЕИБ), полската Национална фондација за заштита на животната средина и управување со водите (НФОСиГВ), и Колеџот на Европа во Натолин. 

Целта е да се поттикне дијалог ширум целиот регион и помеѓу засегнатите страни преку споделување на знаењето, градење на капацитетите, и размена помеѓу регионите со јаглен во Западен Балкан и во Украина и ЕУ. Иницијативата ќе ги поддржи региони со јаглен коишто се стремат да спроведат праведна транзиција кон одржливи извори на енергија. Земјите што се наоѓаат во фокусот на иницијативата се Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Украина. Со првичниот скрининг беа идентификувани 17 региони со значителни јагленокопни активности и термоцентрали на јаглен коишто се квалификуваат да земат учество во иницијативата. И другите региони со значителни јагленокопни активности и термоцентрали на јаглен се исто така добредојдени да ѝ се приклучат на иницијативата. Повеќе за регионите овде

Поддршката од иницијативата се состои од пет компоненти. 

Прво, иницијативата ќе овозможи отворена платформа за дијалог ширум целиот регион и со сите засегнати страни преку комуникациски активности и настани. Сите заинтересирани засегнати страни се покануваат да му се приклучат на дијалогот. Меѓу предвидените групи на засегнати страни се вбројуваат надлежните државни органи, актерите од енергетскиот сектор, НВО, истражувачите, деловниот сектор, медиумите, меѓународните организации, политичките партии, младинските организации и др. 

Второ, иницијативата ќе спроведе програма за размена меѓу јагленовите региони. Регионите учесници од Западен Балкан и Украина и од ЕУ ќе изградат врски, ќе разменат искуства, знаења и најдобри практики за прашања поврзани со транзицијата. Програмата ќе го користи и искуството од успешната Иницијатива за региони со јаглен во транзиција воспоставена за регионите со јаглен во земјите членки на ЕУ во 2017. 

Трето, ќе се изградат капацитетите на релевантните засегнати страни преку Академија за учење во регионите со јаглен којашто ќе понуди наменски обуки за управување, ангажирање на заедницата, рехабилитација на животната средина и пренамена на земјиштето и имотите. 

Четврто, на избраните пилот-региони ќе им се даде техничка помош во форма на експертска поддршка за да изработат планови за транзиција за релевантните државни органи. Конечно, иницијативата ќе им помогне на јагленовите региони да пристапат до финансиски средства за проекти или програми за транзиција, врз основа на најразлични извори достапни од Европската Комисија, Светската банка, Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка. Деталите за активностите на иницијативата ќе се претстават за време на нејзиниот годишен состанок. 

Состанокот ќе се одржи онлајн на 23-24 јуни и ќе биде отворен за сите заинтересирани учесници. За да учествувате на состанокот и за да добиете дополнителни информации за иницијативата, регистрирајте се тука

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село