ПРЕЗЕМААТ МЕРКИ: Уште една балканска земја ги затвора училиштата
Објавено во: Свет 10 Март, 2020
Романската влада предлага флексибилно работно време за родители кои немаат кој да им ги чува децата.
Mинистеркатa за труд Виолета Александру препорача флексибилно работно време за родители кои немаат на кого да ги остават децата дома.
Oваа мерка следи по одлуката за затворање на училиштата во Романија до 22 март.
По истекот на овој рок, можно е да се продолжи мерката и училиштата да не работат.Сите земји преземаат мерки за заштита, а цела Италија е во карантин.