19 Април, 2024
0.0258

Земјоделци и владини службеници ќе учат да комуницираат

Објавено во: Агробизнис 11 Јули, 2012

Добивај вести на Viber

Како дел од активностите во проектот „Зајакнување на јавно - приватниот дијалог преку поефикасно застапување на вредносните синџири за свежо овошје и зеленчук и преработен зеленчук“ денеска и утре во Охрид ќе се одржи обука за подобрување на комуникациските и преговарачките вештини.

Обуката е наменета за претставници од различни сектори во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството одговорни за креирање и спроведување политики и стратегии за овошје и зеленчук, како и за претставници од здруженијата на производители и преработувачи членки во постојаните потсекторски групи за овошје и зеленчук.

Преку различни модели на комуникација, вежби и концепти за преговарање, претставниците од мрежните земјоделските организации и претставниците од МЗШВ и АПРЗ ќе работат на подобрување на работата на постојаните потсекторски групи чија цел е преку континуиран дијалог заеднички да се дискутираат и решаваат прашањата од интерес на земјоделските потсектори во насока на уредување на пазарите и зголемување на конкуреноста.

Обуката ја организира Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој - ЦеПроСАРД во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Центарот за Институционален развој како дел од активностите во рамки на АгБиЗ програмата, финансирана од УСАИД.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари