19 Април, 2024
0.0298

Претресена е јахтата на кумот на Путин во Хрватска

Објавено во: Балкан 30 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Американците се во хрватскиот град Трогир поради јахтата на „кумот“ на рускиот претседател Владимир Путин.

Луксузната јахта на украинскиот олигарх Виктор Медведчук е пребарувана пред десет дена во Трогир, објави денеска загрепскиот дневен весник Jutarnji list.

Динко Мешин, судија и портпарол на сплитскиот Жупаниски суд, потврди дека налогот за претресот на 92-метарската јахта „Royal Romance“ го издал споменатиот суд и тоа на барање на американското Министерство за правосудство. На налогот покрај името на украинскиот олигарх е и името на неговата сопруга Оксана Марченко. САД против нив водат постапка поради наводно кршење на американските сојузни закони, а обвинети се и за наводно перење пари. Се смета дека при претресот на јахтата во Тригир учествувал и цел тим на американското Федерално биро за истраги (FBI). Се трага по документација или поголема сума пари сокриена на јахтата. Се претпоставува, исто така, дека всушност цел на претресот бил евентуална документација и кореспонденција меѓу Медвечук и Путин.

Луксузната јахта „Royal Romance“, вредна околу 180 милиони долари, е долга 93 метри, широка 14,3 метри, дизајнирана е да смести 14 гости во седум луксузни кабини.

Украинската разузнавачка служба го уапси Медведчук, обвинет за велепредавство во Украина. Потоа,  по инсистирање на Лондон во замена за ослободување на пет Британци во септември годинава, тој е предаден во размената на воени заробеници меѓу Киев и Москва.

Можеби ќе ве интересира

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот