Престолнина од регионот прозвана поради загадениот воздух
Објавено во: Балкан 11 Декември, 2019
Еврокомисијата советува дека воздухот во Софија е опасен за здравјето на луѓето.
Бугарската престолнина Софија е на трето место во светот по загадувањето на воздухот, покажуваат податоците на светските агенции за мерење на квалитетот на воздухот. Според Европската агенција за животна средина, воздухот во Софија е со најголемо загадување и е реално опасен за човековото здравје.
Позагаден воздух дишат само во индискиот град Њу Делхи и пакистанскиот Лахоре, објави БГНЕС.
Податоците на европските агенции покажуваат дека најголемо загадување во Софија се случува во текот на ноќта, а пикот бил вечерта од недела кон понеделник. Податоците покажуваат дека иста или слична ситуација е евидентирана и во саботата, неделата, понеделникот и вчера, а загадувањето е големо и денеска.
Од Европската агенција за животна средина го оквалификуваа воздухот во Софија како „многу нездрав”, при што индексот на загадување е обоен во темновиолетово – што е највисок степен на загадување.
Софија денеска е 14-ти најзагаден град во светот. Но, и нашата земја има сериозни проблеми од аерозагадувањето.фото Википедија