ПРЕПОРАКА ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ И ОНИЕ КОИ ПРЕЛЕЖАЛЕ КОВИД: Имунитетот од вакцината е многу посилен и подолготраен
Објавено во: Балкан 05 Јануари, 2021
Постои разлика
помеѓу природниот имунитет и имунитетот создаден од вакцината против корона
вирусот, посочува Павле Зелиќ од српската Агенција за лекови и медицински
помагала (АЛИМС) и во изјава за ТВ-Пинк додава дека препораката е да се
вакцинираат оние кои прележале Ковид-19.
Тој изјави дека имунитетот стекнат со вакцинација е многу посилен и подолготраен од имунитетот стекнат природно - преку инфекција.
- Се смета дека природниот имунитет трае три или шест месеци, најмногу една година. Имунитетот што се стекнува со вакцинација секако трае една година и има многу поголем број на антитела кои се создаваат - изјави тој за ТВ Пинк.
Како што вели, вакцината не може да ја прими некој што има симптоми на ковид - болест во акутната фаза, но мора да потрае некое време да се излечи, и тогаш е безбедно да се вакцинира.
Говорејќи за несаканите ефекти на вакцината, Зелиќ истакна дека единствениот несакан ефект во Србија е болка и црвенило на местото на апликација. Во другите центри во светот каде се спроведува имунизацијата против Ковид-19, како што наведе, имало случаи во кои се појавиле отоци и црвенило, покачена температура, но сето тоа е очекувано.
Можеби ќе ве интересира
Осуден неонацист од Златна зора влегол во Македонија со лажно име

МОЖНО Е ЗAТВОРАЊЕ НА СКИ-ЦЕНТРИTE ЗА ВИКЕНД: Огромен број новозаразени, ќе ги зајакнува ли Србија мерките?

Во Србија вирусот збувнува: Кон сака да затвори се дури пет дена

Седеле на иста маса: Сара и Марјан биле заедно во кафуле, тој извадил пиштол и ја убил

ГРАДОНАЧАЛНИК ВО ЗЛАТАРНИЦА СО МЛАДА КОЛЕШКА - еве кое е нивното објаснување

Србија бележи над 3.000 заразени дневно, можно е заострување на мерките

И ЈАС СУМ САМО ОБИЧЕН ЧОВЕК: Вучиќ во опуштено издание, изненади со фотографија на која не сме навикнати

Србија денес има скоро 3.000 заболени од коронавирусот

ВУЛИН ОСТРО КОН ЕУ: Кога веќе не пративте вакцини, задржете си ги и политичките ставови за себе
