28 Март, 2024
0.0270

Преполовен родот на пченка во Србија

Објавено во: Агробизнис, Балкан 09 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Родот на пченка во Србија оваа година е намален за речси 50 отсто. Според податоците од српскиот Републички завод за статистика, од засејаните површини 1,3 милиони хектари со пченка, производството тежи 3,5 милиони тони, што е за 49,5 отсто помалку од минатата година. Проценките се дека со ова производство и плус залихите на пченка од претходната сезона, тешко ќе се покријат домашните потреби, кои се проценети на околу 4 милиони тони. Ова значи дека Србија оваа година нема да има пченка за извоз. Намалување е забележано и кај другите култури. Така за околу 30 отсто е намалено производството на шеќерна репка, 42, 3 отсто се помали приносите од соја, 23 отсто помалку родил сончогледот, компирот 32,5 отсто, а приносите од гравот се за 41,4 отсто помали.  

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи