Премиерот Заев се исплашил за својот живот за време на собраниските насилства
Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2019
Имав страв дека ќе ми заврши животот, рече премиерот Зоран Заев, кој денеска во Кривичниот суд сведочеше за настаните од 27-ми април во Собранието, како оштетен во кривичната постапка.
„Имав страв дека ќе ми заврши животот. Чувство кое никогаш дотогаш не сум го имал“, рече премиерот Заев.
Обвинет за насилство е Илија Петрушевски, кој сега, а и во времето на насилствата во Собранието, работи во затворот во Идризово, односно во државна служба.
Петрушевски е обвинет дека сторил дело насилство за време на инцидентите на крвавиот четврток, а претходно е осудуван за тешка телесна повреда.
А пред премиерот Заев да дојде во Кривичниот суд, тука околу еден час стоеше неговото обезбедување.