18 Април, 2024
0.0279

Премиерот Заев не сака ни да размислува дека земјава нема да добие датум

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев останува оптимист дека земјата ќе добие датум за почнување преговори со Европската Унија, и вели дека Франција не е против нашиот влез, туку дека принципиелно бара промена на методологијата за преговарање.

„Очекувам да се разговара за точките на дневен ред на Европскиот совет како што е проширувањето на Европската унија со Северна Македонија. Верувам дека градејќи ги сите точки и агенди на дневниот ред ќе се дојде до заеднички заклучоци и дека ќе преовлада одговорноста од Европската Унија и од Европскиот Совет и дека ќе биде донесена долго очекуваната одлука за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија“, изјави премиерот Заев. 

По вчерашната средба меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, од која не произлегоа информации за земјава, премиерот вели дека унијата има 28 членки и има други прашања за кои треба да расправа, како што се Брегзитот и годинашниов буџет. Според него, кога утре ќе почне состанокот на Советот на министри на ЕУ ќе има поконкретни информации, но премиерот верува дека до крајот на неделава ќе биде донесена одлуката. Нагласи дека останува оптимист, бидејќи смета дека ги имаме сите аргументи на Светот да добиеме датум за почнување преговори.

Во врска со барањето на Франција да се промени начинот на преговарање со земјите кандидатки, премиерот со став дека во рамките на Унијата може да се води оваа дебата, а Македонија да ги почне преговорите, бидејќи тие два процеси се комплементарни.

„Франција не е против нас, има многу легитимна намера да вгради нова методологија која ќе даде можност сите капацитети да се движат уште посилно и посериозно со реверзибилна метода, ако не успеат ги враќа назад. На пример, ако на третото поглавје, слобода на медиуми, успеете да го затворите во првата година или две, преговарајќи во четвртата или петата ако ги нарушите слободите на медиумите, ве враќа назад, тоа е што ми го објаснија. Така што општествата кои преговараат, земјите кандидати кои преговараат треба да имаат одржливи постигнати поглавја, заокружени политики, кои ќе значат и трајни трансформации на општеството, тоа е дебатата која што се води“, објасни премиерот Заев. 

На прашањето што доколку сепак земјата не ги почне преговорите со ЕУ, тој потенцира дека не сака ни да размислува да размислува за таа варијанта. 

„Петнаесет години чекаме. Донесовме крупни одлуки, реформите се сами по себе многу значајни, и се сто процентно потврдени со извештајот. ЕУ не смее да го казни најдобриот пример, бидејќи тоа е важно и за Европската Унија, и за регионот за следното мотивирање на лидери за реформирање на своите општества“, вели премиерот Зоран Заев. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари