28 Март, 2024
0.0258

ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ВЕТУВА - скопјани ќе имаат парно, основните и средните училишта ќе бидат на регулиран пазар

Објавено во: Економија 28 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Парно за скопјани ќе има на 15 октомври, порача премиерот Димитар Ковачевски на вонредната пресконференција одржана вечерва. 

Оваа вонредна пресконференција тој ја одржа заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи, министрите за финансии и за економија, Фатмир Бесими и Крешник Бектеши, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, како и директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Тој информира дека Економско-енергетскиот совет на Владата штотуку завршил со својот состанок. 

„Донесовме одлуки кои сакам да ги споделам со јавноста а се однесуваат на сигурно, стабилно снабдување со енергенси во наредниот период. Го повикувам Град Скопје, РКЕ и Комисијата за заштита на конкурентност во најбрзо време да дадат позитивно мислење за одлуката со што ќе се створат услови за целосно функционирање на ЕСМ со топланите. Обезбедени се финансиски средства за потребните енергенси за топлинска енергија“, рече Ковачевски.

На 15 октомври започнува грејната сезона. Парно за скопјани ќе има. Донесена е одлука за почнување на постапката за издавање на лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар согласно член 6 од Законот за енергетика на ЕСМ. Ги повикувам Град Скопје, Регулаторна комисија за енергетика и Комисијата за заштита на конкурентност во најбрзо време да дадат позитивно мислење, со што ќе се створат условите за целосно функционирање на ЕСМ со топланите, рече премиерот.

Во поглед на струјата рече дека Владата со 80 отсто ја субвенционира струјата на малите потрошувачи. 

Осумдесет проценти ја субвенционираме сметката за електрична енергија за 650 илјади домаќинства, а над 70 илјади компании и други правни субјекти т.н. мали потрошувачи со промет годишен до два милиона евра ќе добијат субвенционирана електрична енергија која е трипати пониска од берзанската. Дополнително донесовме одлука на регулиран пазар да бидат и основните и средните училишта на територијата на цела држава без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на самите општини“, рече премиерот.

Премиерот ги повика пратениците и од опоцицијата да се обединат за доброто на државата. „Пред утрешната седница повикувам заедно да се обединиме да ги донесеме законите со кои се одблокираат пари од ЕБРД за надминување на енергетската криза“, нагласи Ковачевски.

Инаку, премиерот нагласи дека топланите Исток и Запад ЕСМ производство, кое најбрзо треба да ја добие лиценцата за производство, премиерот рече дека ќе се применуваат законите, и топланите засега ќе бидат земени под закуп. 

„ЕСМ е АД во државна сопственост и за евентуално купување треба да се исполнат услови“, рече Ковачевски.

„Парно ќе има со греење на вода во радијаторите“, рече премиерот, нагласувајќи дека ќе се плаќа закуп врс основа на методологија пропишана од Регулаторната комисија за граѓаните. 

За гасот од Србија рече дека се преговара се уште, и нагласи дека ние нема да купуваме гас, туку ќе вршиме размена на гас за струја. 

Премиерот рече дека оваа криза рековме дека заеднички ќе ја пребродиме како што ја пребродивме и ковид кризата.

„Ја користам оваа прилика, покрај овие одлуки кои вечерва ги донесовме за справување со енергетската криза, да апелирам до сите граѓани да продолжиме со мерките за штедење. Секој киловат час заштеден значи заштеда на нашиот буџет и повеќе пари за инвестиција во нови енергетски и инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат во иднина снабдувањето со електрична енергија и ќе го подобрат квалитетот на животот. Заврши времето на изобилие со електрична енергија во Европа. Сега е време на штедење и тоа штедиме за да имаме електрична енергија“, рече премиерот.

Најави дека ранливите категории на граѓани кои ќе бидат подржани преку соодветен сет на дополнителни мерки кои што наскоро ќе бидат објавени.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат