Премиер лигата предупредува: Намалените плати на фудбалерите ќе имаат импакт на здравствениот систем
Објавено во: Економија, Свет 05 Април, 2020
Англиската Премиер лига смета дека намалувањето на платите од 30 отато, ќе доведе до ограничување на приходите за Националната здравствена служба.
– Играчите се свесни дека комбинираните даноци од нивните плати се значаен придонес за финансирање на важни јавни услуги, кои се во особено критична состојба во овој момент. Намалувањето од 30 отсто на финансискиот надоместок ќе чини многу за Националната здравствена служба и другите услуги финансирани од владата, се вели во синоќешното соопштение.
Редукција од 30 отсто на платите за период од 12 месеци, професионалните англиски фудбалери предупредуваат дека ќе изнесува повеќе од 500 милиони фунти, а тоа ќе придонесе даночни загуби од повеќе од 200 милиони фунти.
– Сите играчи на ПЛ сакаат и ќе ја одиграат својата улога, придонесувајќи значително финансиски во овие невидени времиња. Сите играчи на ПЛ целосно ја ценат нивната улога и одговорности во општеството за време на тековната криза. Тие се загрижени за сите оние кои се ранливи и погодени од пандемијата, наведуваат во синоќешното соопштение.