18 Април, 2024
1.0287

Прелепотице, заедно сме

Објавено во: Стил 14 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Не, не ми викај дека е лесно да си жена. Не, не барај да ме спасиш, не ме обинувај, и не очекувај. Пушти ме да бидам, пушти ме да те сакам со цело мое битие. Верувај ми, нема да те повредам. Тука сум за тебе, и за сето она што ќе го создадеме заедно. Ќе го бранам како лавица, по цена на сопствен живот. Затоа што можам се.

Да знам, се променија состојбите на секојдневна функциналност во секое општество. Да знам, се променија критериумите помеѓу нас луѓето, се поделивме, се етикетиравме, се осудуваме, се сопнуваме, нема доверба, препишуваме на созревање а живееме во страв. Во момент на седостапност, во момент на дозволена алчна конзумација на личното време, ние се изгубивме. Мислиме дека знаеме што сакаме а всушност талкаме, мислиме дека сме среќни, а всушност сме само моментално исполнети. Вперуваме прст во туѓа невистина, додека се давиме во сопствена фрустрација.

Тоа што го бараш, тоа што го сакаш, тоа го вадиш и добиваш од луѓето. Тие околу тебе, тие се тие кои ќе те дефинираат тебе како карактер. Тие ти даваат и тие ти земаат. Нивото на размена на енергии и искуства помеѓу двајца е далеку покомплексно од едно кафе или излегување. Кога го делиш твоето време со некого, внимавај. Не очекувај, не прави проекција, не го замислувај однесувањето на другиот, не оди до финалната цел пред да го започнеш патот. Не лажи, ниту себе си, ниту другиот, животов е кармички бумеранг, многу повеќе од што сме свесни за тоа. Вистината за бидување со некој друг е во самите нас, и не мислам само на партнер, мислам на пријател, на колега, на соработник, на познаник. Нивото на свесна конзумација на туѓото време ќе го дефинира текот на вашиот живот.


Целата колумна на Ивана Кнез, читајте ја на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре