20 Април, 2024
0.0275

Преку новите совети СКСМ ќе ја јакне конкурентноста на компаниите

Објавено во: Финансии 26 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Со конституирањето на четири нови совети завршува процесот на суштинска трансформација на Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ) наречен „Комора на иднината“ во пресрет на 100 – годишнината од нејзиното постоење.

Д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија и проектен менаџер за развој на Советите за „Фокус“ појаснува дека се анимирале неколку 100-тини нови бизнисмени и научни работници коишто ја прифатиле понудата да се придружат кон овие совети и на тој начин да помогнат на сите, на компаниите на Комората, и на Државата во градење на иднината.

Крајниот резултат треба да биде сосема нов концепт на високото и средното образование кое ќе формира кадри, потребни на бизнисот, кои ќе ги отворат процесите на дигитализација, индустриски дизајн, телекомуникации како и формирање на берза на трудот, доследно имплементирање на системот на дуално образование и подигнување на капацитетите на арбитражата, медијацијата и судот на честа.

Георгиева Јовевска вели дека реализирање на зацртаните заложби и афирмација на новите вредности имаат една цел-да се креираат нови услуги согласно потребите на компаниите.

„Со конституирањето на Советот за унапредување на индустриското производство и извозот, Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања, Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките и Советот за напредни технологии се вклучија неколку 100-тини нови бизнисмени и научни работници кои што треба да го спроведат до крај новиот концепт, заклучува Георгиева Јовевска.

ПРЕКУ ПРАКТИЧНА НАСТАВА СОЗДАВАМЕ ЛИДЕРИ

„Со овој концепт на функционирање на Советот за високо образование и стратешки истражувања му помагаме на стопанството и овој модел не е замена за високото формално образование, туку со него ќе се настојува преку практична настава да се создаваат лидери, да се зголемат вештините за водење на бизнис, појаснува за „Фокус“, Георгиева Јовевска

Таа додава дека за прв пат, ваквиот концепт ги вклучува и старт ап-ите кои ќе се поддржуваат не само преку учење на вештини туку и преку финансирање на добри идеи кои ќе бидат поврзани со форуми на инвеститори (преку финансирање од домашни и меѓународни институции).

-Оттука, со реализација на сите програмски содржини веруваме дека овој Совет ќе придонесе во зголемување на конкурентноста, ефикасноста, вработувањето и обезбедување поголем економски раст во Република Северна Македонија, додава појаснува за „Фокус“, Георгиева Јовевска.

ТРИ ПРОГРАМИ ЗА ВИСОКООБРАЗОВНИТЕ КАДРИ

За таа цел Стопанската комора, развива три Програми со посебни модули кои треба да ги реализираат зацртаните цели на Советот  согласно потребите на македонското стопанство за сите прашања поврзани со надградбата на знаења на високообразовните кадри:

Клуб на менаџери-претприемништво и лидерство-со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Школа на бизнис-лидери (почеток 9 декември 2021 година),

Развој на мали и средни бизниси и старт ап бизниси-со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Модул за развој на мали и средни бизниси како и Модул за развој на старт ап бизниси (почеток на 9 декември 2021 година со Модулот за развој на мали и средни бизниси, а почеток на крајот на јануари 2022 година со Модулот за страрт ап бизниси) и

Институт за извоз-со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Школа за продуцирање кадри за зголемување на извозот, со крајна цел формирање Институт за извоз (Изработка на студија за извоз и Платформа за извоз кои како активности ќе почнат од следната година и активности на Модулот за зголемување на вештините за извоз кои ќе започнат од 1 Ноември 2022 година).


Преземено од Фокус


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин