19 Април, 2024
0.0306

Преку нови вештини до нови работни места

Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Програмата за развој на Обединетите нации, во партнерство со Министерството за образование и наука и други релевантни чинители, а со поддршка на Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија, стартува двогодишен проект насочен кон премостување на јазот кај вештините во два клучни сектори во земјата. Во текот на реализацијата на проектните задачи, активностите ќе бидат насочени кон текстилниот и градежниот сектор. Преку дизајнирање и пилотирање на модели за стручна обука, но и со воведување нови и иновативни начини за комуникација со сите релевантни чинители, проектот генерално ќе работи и со лица на кои им се потребни дополнителни вештините за да напредуваат во приватниот сектор, вклучително млади невработени лица, долгорочно невработените, но и веќе вработени лица. 

Проектот, исто така, ќе ги разгледува можностите и за обезбедување специјалистичко образование преку подготовка на програми што ќе бидат прилагодени на потребите за учење на возрасните, а во согласно со работата во приватниот сектор. Добрите пракси стекнати во текот на реализацијата на проектот ќе бидат преточени во препораки за Министерството за образование и наука, кое пак ќе ги вклучи во измената на политиките во врска со пост-средното образование и реформите во системот за стручно образование. 

Притоа, Министерот за образование Арбер Адеми истакна: 

„Министерството за образование и наука постојано работи во правец на подобрување на образовниот сектор, а со тоа и директно влијае на можностите за вработување посебно кај младите лица. Проектот е од особено значење кога станува збор за отворање на можностите за стекнување специјалистичко образование и стручна обука како почетни точки за унапредување на соработката со приватниот сектор и креирање современи и апликативни наставни програми.“ 

Постојаната претставничка на УДНП, Нарине Сахакјан потенцираше дека недостатокот на квалификувана работна сила е една од главните пречки за развој на регионално и глобално конкурентен приватен сектор. 

„Развивањето на вистинските работни вештини е неопходно кога станува збор за создавање одржливи работни места и конкурентна бизнис средина. Благодарение на поддршката од Британската Амбасада, во партнерство со Министерството за образование и бизнис заедницата ќе го анализираме потенцијал за раст на текстилната и градежната индустрија и ќе ги идентификуваме неопходните вештините за создавање и пополнување на работни места во овие гранки од економијата. Врз таа основа, ќе работиме на создавање одржливи образовни модели за затворање на јазот меѓу понудените и бараните вештини. Ова ќе помогне да се создадат нови и подобри работни места, а секако ќе ја зголеми и продуктивноста на приватниот сектор.“ – потенцираше таа. 

„Градежништвото и текстилните индустрии се сектори од огромно значење. Драго ми е што ќе работиме со УНДП, државните институции и приватниот сектор на идентификување на недостатоците во вештините кои се потребни во овие сектори“ - истакна Британската амбасадорка Рејчел Галовеј. Проектните активности во висина од 900.000 долари се целосно обезбедени од Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Британска амбасада во Скопје, а се предвидува да се реализираат во текот на следните две години.

Можеби ќе ве интересира

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо