16 Јули, 2020
0.0493

Предупредување од МЕПСО до земјоделците за тековната жетва!

Објавено во: Агробизнис 04 Јули, 2019

МЕПСО ги предупредува сите земјоделци во екот на тековната жетва да не поминуваат со комбајните под проводниците т.е. јажињата на далекуводите и да ги избегнуваат далекуводните траси. 

„Заради тоа што со тоа се изложуваат на ризик  и ги загрозуваат сопствените животи како и животите на лицата кои се наоѓаат во нивната околина. 

Воедно апелираме до земјоделците во екот на сезоната за наводнување да не поставуваат системи за наводнување во далекуводните траси заради тоа што водата е проводник на електрична енергија и контактот со проводните јажиња го зголемува ризикот од струен удар на лицето кое ракува со системот за наводнување и на други лица кои се наоѓаат во непосредна близина.

Не загрозувајте го сопствениот живот како и животите на сите што се наоѓаат во ваша близина! Воедно не загрозувајте ја доверливоста на електроенергетскиот систем!“, апелираат од МЕПСО.