ПРЕДЛОЖЕНА ЗА НАСЛЕДНИЧКА НА ТЕВДОВСКИ: Нина Ангелковска ќе управува со парите на граѓаните
Објавено во: Економија 23 Август, 2019
Нејзиното име е вброено на листата 100 жени основачи на стартапи во Европа. Таа е еден од родителите на Групер а од синоќа и официјално предложена да ги води финансиите во државата.
Нина Ангелковска е името на потенцијалната наследничка на Драган Тевдовски.
Централниот одбор на владејачката СДСМ, ја утврди Ангеловска, ко-основач и извршен директор на платформата „Групер“, за кандидат за нов министер за финансии.
При едно интервју за нејзиниот успех, но и за развојот на вештините, најголемата „вина“ ја лоцира кон нејзината мајка.
-Брзото донесувањето на правилни одлуки е поважно од кога и да било во овој брз современ свет во кој нема простор за носење одлуки на база на емоции-смета Нина.