24 Октомври, 2020
0.0204

ПРЕДЛОГ: Учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите да има онлајн настава

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 13 Август, 2020

Комисијата за заразни болести денеска на состанок со претставници на Министерството за образование и наука, предложила учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите да има онлајн настава. 

Повозрасните ученици според предлогот ќе треба да учат од дома.

Ова за МИА го изјави министерот за здравство Венко Филипче. 

Тој вели дека за овој предлог на Комисијата треба да се дискутира на седница на Владата и да се донесе конечна одлука.

„За градинките следниот понеделник или вторник ќе имаме уште еден состанок со Министерството за труд и социјална политика, тие ја ажурираат бројката, бидејќи сега гледаат колку деца ќе се испишат, а колку ќе се запишат, па врз основа на тоа да се направи“, додаде Филипче.

Се бара решение за одвивање на образованиот процес во време на пандемија. 

За 24 часа во Македонија има 141 заразен пациент со коронавирус. 

Бројките скоро секој ден се двоцифрени. 

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Викендов работиме на брзите тестови

Филипче: Викендов работиме на брзите тестови

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Последни сончеви денови, но природата пука од живот во Лешок

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Последни сончеви денови, но природата пука од живот во Лешок

Полицијата конечно уапси потпалувач на возила

Полицијата конечно уапси потпалувач на возила

Каракачанов продолжува: Војниците да бидат пречекани со цвеќе, леб, сол и духовна музика

Каракачанов продолжува: Војниците да бидат пречекани со цвеќе, леб, сол и духовна музика

Почина Амди Бајрам поради проблеми со срцето

Почина Амди Бајрам поради проблеми со срцето

Постапка и пријава против дежурниот полицаец, откако мажот со секира ја уби сопругата во Гостивар

Постапка и пријава против дежурниот полицаец, откако мажот со секира ја уби сопругата во Гостивар

ВМРО-НП по посетата на лидерот Георгиевски во Бугарија: Да се интензивира темпото за да не дојде до вето

ВМРО-НП по посетата на лидерот Георгиевски во Бугарија: Да се интензивира темпото за да не дојде до вето

Вечерва поместете го времето на часовникот, започнува зимското сметање

Вечерва поместете го времето на часовникот, започнува зимското сметање

Полицијата казни 218 возачи во скопската населба Драчево

Полицијата казни 218 возачи во скопската населба Драчево