Предизборни вработувања под државна капа или реална потреба
Објавено во: Економија 27 Јануари, 2020
Намерно или случајно се објавуваат огласи за вработување во администрација.
За работа под државна палка деновиве се објавени дваесеттина огласи а опозицијата не ги изостави коментарите за ваквите потези опишувајќи ги како предизборен поткуп за гласови.
Факт е дека во месеците пред изборите значително пораснал бројот на огласи за вработување, а Алсат пренесува дека тој број е зголемен за дури 60% споредбено со остатокот од годината.
Сепак, за власта нема ништо спорно во огласите. Премиерот во техничката влада смета дека вработувањата се реална потреба на институциите и пред се тоа биле огласи за наставници со договор на дело за второто полугодие.
1,4 милијарди денари издвои владата за Оперативниот план за вработување за 2020 година кој опфаќа субвенционирање на микропретпријатијата, обуки за невработените лица и субвенции за плати а тој според очекувањата би требало да опфати околу 12.000 лица.