20 Април, 2024
0.0335

ПРАТЕНИКОТ ЗЕКИРИ НАЈРАДОСЕН ПО ВЕСТА - еве што кажа по разрешувањето на реисот Реџепи

Објавено во: Македонија 27 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Речиси очекувано, пратеникот Мухамед Зекири реагираше радосно на веста за разрешувањето на реисот Реџепи од функцијата.

Наша претпоставка е дека неговиот последен пост се однесува на човекот со кој Зекири беше во долгогодишна вербална војна.

„Алах да не ги одзема душите на изрезилените без да им ги земе лицата !!!“, напиша Зекири на својот профил на фејсбук.

Потоа следуваат лавина од коментари од муслиманските верници, од кои дел сметаат дека реисот ќе недостига како прв човек на Исламската верска заедница, а други, пак, мислат дека е добро што е сменет реисот.

Еден од верниците пишува.

„Ќе го разберете недостатокот на Сули и способноста да управувате со политичките и религиозните кризи откако ќе експлодираат и резили кај нас. Верувајте ни тогаш ќе го разберете неговото отсуство“, се вели во еден од коментарите.

Други, пак, му изразуваат чест на Зекири што бил прв што му објавил војна на Реџепи.

„Храбрите излегуваат откако ќе заврши војната! Вие бевте првиот што имавте чест што му објавивте војна на овој човек! Ви честитам за победата и одлучноста над криминалната група која беше узурпирана исламскиот партнер!“, се вели во еден од коментарите.

„Едногласно донесеовме одлука за разрешување на госпидин Сулејман Ефенди Реџепи од позицијата Рејс Ул Улема претседател на Исламска верска заедница“, изјави Ефенди Шаќир Фетаху.

До подготвување на нови избори, вршител на должноста ќе биде гостиварскиот муфтија.

Долг период наназад пратеникот на СДСМ МухамедЗекири беше во постојан антагонизам со поглаварот на ИВЗ, често го критикуваше во јавноста и обвинуваше за наводни криминални активности.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите