26 Април, 2024
0.0490

ПРАТЕНИЦИТЕ ПОСТИГНАА КОНСЕНЗУС ЗА ПОГОЛЕМА ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТНОСТ НА СОБРАНИЕТО

Изгласаните подобрувања се клучни делови во Програмата за парламентарна поддршка финансирана од Швајцарската влада

Објавено во: Македонија 03 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Мнозинство пратеници во Собранието неодамна ги поддржаа предлозите за измена на Законот за Собрание со кои што ќе се подобри транспарентноста и отчетноста во работата на законодавниот дом на земјата. Амандманите, поднесени од партии од власта и од опозицијата, што вклучуваат одредби со кои ќе се зајакне институционалната буџетска независност и ќе овозможат поквалитетен собраниски ТВ-канал, беа изгласани од сите 73 пратеници присутни на минатонеделната седница. Овие подобрувања се клучни компоненти во 10-годишниот проект „Програма за парламентарна поддршка“.

- Работејќи во име на граѓаните, посветеноста на Собранието за подобрување на транспарентноста и отчетноста се потврдува со мерки што ја зајакнуваат буџетската независност на институцијата и ќе донесат собраниска ТВ-програма со подобрен квалитет. Програмата за парламентарна поддршка, финансирана од Швајцарија, работи во партнерство со Собранието поддржувајќи го дијалогот за политиките со цел да се постигне политички консензус и обезбедува техничка, материјална и финансиска помош - истакна Роберт Скот Хејзлет,директор на НДИ Северна Македонија.

Програмата за парламентарна поддршка со својата помош цели кон пет области: институционален развој, дијалог за политики, надзорна и законодавна улога, транспарентност и отчетност. Неодамна изгласаните амандмани, на граѓаните, граѓанското општество, вклучувајќи ги и маргинализираните групи, ќе им обезбедат можности за да ја зголемат својата вклученост во работата на Собранието.

Уште еден исчекор што ќе придонесе кон зголемена транспареност и отчетност е и потпишувањето договор за набавка на 60-лаптоп компјутери за службата во Собранието. Оваа набавка, што е финансиски поддржана од Швајцарија, има за цел да ги подобри стратешките напори на Собранието за дигитализација на работниот процес и за креирање смарт-решенија за функционирање. Експертизата од обласата на информатичката технологија од Северна Македонија и проектните партнери, како Швајцарското федерално собрание, естонскиот „Риигикогу“ и латвиската организација „МанаБалсс.лв“, исто така, ќе придонесат во чекорите за дигитализација со кои што Парламентот ќе биде потранспарентен и поотчетен кон граѓаните.

Поврзано со остварувањето на истите цели, со швајцарска финансиска поддршка, Собранието неодамна објави повик за набавка на опрема за новото ТВ-студио што е во план да се опреми во институцијата. Во оваа насока, технички дијалот со заинтересираните учесници е планиран за 4 август во 11 часот.

Програмата за парламентарна поддршка е имплементирана од Националниот демократски институт, Центарот за управување со промени и Институтот за демократија „Социетас Цивилис-Скопје“.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот