01 Декември, 2020
0.0305

ПРАТЕНИЦИ И ЕКСПЕРТИ - ќе има ли жешко собраниско чешлање на Еуростандард

Објавено во: Финансии 20 Октомври, 2020

Ќе го чешлаат ли пратениците во Собранието работењето на Еуростандард банка во стечај на бизнисменот Трифун Костовски и на неговиот син Коста.

Тоа го бара пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Таа ќе инсистира во парламентот да се расправа за тоа колку биле почитувани законите, но и кои се точно причините што ја доведоа до стечај оваа банкарскла институција. 

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела иницијатива за одржување надзорна расправа за овој случај. Иницијативата е насловена како „Утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на Еуростандард банка“ од опозициската партија бараат да биде ставена на гласање на првата наредна седница на Комисијата за финансирање и буџет. 

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека за пропаѓањето на банката треба да се произнесат и стручњаци.

На својот фејсбук-профил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски напиша дека пропаѓањето на Еуростандард банка е македонскиот втор ТАТ.

„Кои фирми имале корист од милионски кредити, дали овие фирми биле блиски до фамилијата на власт и колку високи функционери, членови на владата, знаеле предвреме за стечајот на банката? Наскоро, по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, Собранието ќе расправа на оваа тема и ќе се откријат многу сериозни манипулации“, напиша Милошоски.

А како што веќе пишуваше Фактор, бизнисменот Трифун Костовски вчера рече дека пари од банката се одлевале во струмичкиот регион, на што, како што тврди сопственикот, помогнал поранешниот директор на банката, кој, пак, бил припадник на СДСМ.

Од СДСМ за Фактор тврдат дека немаат ништо со неуспешното работење на банката, и ги охрабруваат надлежните институции да го истражат случајот.

А Николче Патковски, пак, рече дека не сака да ги коментира наводитена неговиот поранешен газда, и исто така, вели дека разврска ќе има преку надлежните институции.  

Можеби ќе ве интересира

ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ НА ПЕТКОВСКИ - може да се наплатат 80 отсто од побарувањата, КОСТОВСКИ ПОРАЧА - остави хартиите, каде се парите бе човече

ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ НА ПЕТКОВСКИ - може да се наплатат 80 отсто од побарувањата, КОСТОВСКИ ПОРАЧА - остави хартиите, каде се парите бе човече

ЖЕСТОКО ВО СТУДИО: ПЕТКОВСКИ ДО КОСТОВСКИ - ништо во банката не беше направено без вас и вашиот син, како можете да кажете дека јас сум владеел

ЖЕСТОКО ВО СТУДИО: ПЕТКОВСКИ ДО КОСТОВСКИ - ништо во банката не беше направено без вас и вашиот син, како можете да кажете дека јас сум владеел

СЕ КОЛНАМ ВО СЕ НАЈМИЛО, НЕ СУМ ПОСЕГНАЛ ПО ТУЃО - Костовски вели дека во неговата банка имало криминал од 110, а не од 60 милиони евра

СЕ КОЛНАМ ВО СЕ НАЈМИЛО, НЕ СУМ ПОСЕГНАЛ ПО ТУЃО - Костовски вели дека во неговата банка имало криминал од 110, а не од 60 милиони евра

МУАРЕМИ ЗА ЕУРОСТАНДАРД - испитуваме злоупотреба на службена положба, перење пари, фалсификати, измами, блиску сме до утврдување кривична одговорност

МУАРЕМИ ЗА ЕУРОСТАНДАРД - испитуваме злоупотреба на службена положба, перење пари, фалсификати, измами, блиску сме до утврдување кривична одговорност

Гувернерката Бежоска потврди - нема да присуствува на вечерашната дебата, досега транспарентно известувале за случајот Еуростандард

Гувернерката Бежоска потврди - нема да присуствува на вечерашната дебата, досега транспарентно известувале за случајот Еуростандард

ВЕЧЕРВА ЖЕСТОКО ТЕЛЕВИЗИСКО СООЧУВАЊЕ - што ќе си кажат газдата и екс директорот на пропаднатата банка, сега најголеми непријатели

ВЕЧЕРВА ЖЕСТОКО ТЕЛЕВИЗИСКО СООЧУВАЊЕ - што ќе си кажат газдата и екс директорот на пропаднатата банка, сега најголеми непријатели

ДУРИ 100 МИЛИОНИ ЕВРА - замрзнати се имот, сметки и хартии од вредност на четворица, до каде ќе се размотува клопчето Еуростандард банка

ДУРИ 100 МИЛИОНИ ЕВРА - замрзнати се имот, сметки и хартии од вредност на четворица, до каде ќе се размотува клопчето Еуростандард банка

Промени во Одборот на директори на Триглав осигурување

Промени во Одборот на директори на Триглав осигурување

Промена во моќта: Доларот веќе не е водечка валута во светот

Промена во моќта: Доларот веќе не е водечка валута во светот