19 Април, 2024
0.0262

Самсунг го претстави неверојатниот Галакси Ј6

Практичен паметен телефон со стил кој има живописен Супер АМОЛЕД бесконечен екран

Објавено во: Мои пари 23 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd) го претстави својот најнов член на Галакси (Galaxy) семејството – паметниот телефон Самсунг Галакси Ј6 (Samsung Galaxy J6). Станува збор за паметен телефон кој е комбинација од импресивен Супер АМОЛЕД (Super AMOLED) бесконечен екран, како дел од наследниот дизајн на премиум моделите на Самсунг, со дополнителни практични карактеристики, вклучувајќи го и скенерот за отпечатоци. Сево ова, покрај дополнителните функционалности, го прави овој уред најпрактичен и најстилски претставник од Галакси Ј серијата.

Новиот Галакси Ј6 пристигнува со навистина исклучителен 5,6 инчен Супер АМОЛЕД бесконечен екран (Infinity Display) - заштитен знак на Галакси паметните телефони, кој претставува спој на висока резолуција и живописни бои. Бесконечниот екран овозможува неверојатно, непрекинато искуство на гледање содржини како во кино, додека богатите бои го прават гледањето на филмови и играњето игри повпечатливо и поудобно. Покрај ова, бесконечниот екран на Галакси Ј6 од предната страна е надополнет со тенка метална рамка која овозможува елегантен и ергономски дизајн што го прави поиздржлив и поудобен за ракување.


Креиран за да им служи на корисниците кои имаат динамично секојдневие, Галакси Ј6 овозможува отклучување на уредот со помош на скенерот за отпечаток, без претходно “будење“ на уредот, а истовремено, овој паметен телефон поседува батерија со капацитет од 3.000 mAh, овозможувајќи непрекината работа во текот на целиот ден. Галакси Ј6 има моќен осум-јадрен процесор од 1.6 GHz, со чија помош се овозможува извршување на покомплицирани задачи, како што е прикажување на видео запис во висока резолуција, а за дополнителна флексибилност овој паметен телефон поседува три гигабајти работна меморија, 32 гигабајти интерна меморија, како и влез за микроСД картичка.

Адаптивната камера на Галакси Ј6 уредот им овозможува на корисниците креирање на совршени фотографии со без разлика на тоа каде корисникот се наоѓа или што прави. Уредот има 13 мегапиксели задна и 8 мегапиксели предна камера и интегрира моќен “селфи“ фокус во реално време и преден ЛЕД блиц, допринесувајќи им на корисниците да креираат јасни и елегантни “селфи“ фотографии и преку ден и навечер, без разлика на осветлувањето. Покрај тоа, корисниците може да додадат интересни “АR“ налепници, за уникатно збогатување на фотографиите и истите да ги споделат со своите пријатели и семејство во истиот миг.

Самсунг Галакси Ј6 се темели на наследниот дизајн на екранот на Самсунг, со фантастичен Супер АМОЛЕД бесконечен екран кој овозможува навистина убедливо доживување при гледањето содржини.“ – изјави г-дин Марјан Блажевски, Раководител за Продажба во Одделот за Телекомуникации во Регионалното представништво на Компанијата Самсунг Електроникс, притоа додавајќи: “Новиот Галакси Ј6 ќе биде достапен во Македонија во почетокот на Јули, а корисниците ќе може да го одберат својот модел во црна, златна или боја на лаванда.“

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга