16 Јули, 2019
0.0174

Познато колку Апостолска, Шапуриќ, Даути и другите ги „помогнале“ Кромберг и Шуберт, Гентерм, Леар, Ендава....

Објавено во: Економија 17 Јуни, 2019

Со околу доделени 16 милиони евра легнати на сметките на странските инвеститори во 2018-та, Македонија се отвори со „големо срце“ и добредојде за овие компании кои покажале претприемачки дух и интерес да вложат во индустриските зони.

„Најдарежлива“ била министерката без ресор задолжена за привлекување на странски инвестиции Зорица Апостолска, чиј кабинет се погрижил да биде исплатен персоналниот данок и половина од социјалните придонеси за работниците од „Кромберг и Шуберт“ во висиона од 6,5 милиони евра за минатата година, а исто така и 400.000 евра за помагање на почетната инвестиција на германски ВИК.

Меѓу оние кои „честеле“ е и Дирекцијата за технолошко-индустриски зони кои им простиле 4,82 милиони евра, односно 297 милиони денари на  Гентерм, Џојсон Сејфти Сиситемс, Техникал Текстил, Макдиа, ОДВ Електрик, Аптив Сервис, Адиент Аутомотиве, Ван Хол и Џакатај Кабло. Станува збор за грантови за работни места, поврат на придонеси и даноци, градежна помош, средства за машини и царински олеснувања.

Кабинетот на министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, Зоран Шапуриќ, доделил како помош 2,2 милиони евра, од кои најмногу - 1,78 милиони евра помош за исплаќање на персонален данок на доход. Државна помош одобрил и Бардуљ Даути, исто така министер без ресор за привлекување странски инвестиции, во висина од 22,4 милиони денари за британската  ИТ компанија „Ендава“ како поврат на реализирана инвестиција.

Генералниот секретаријат на Владата на тетовски „Леар“ лани му префрлил 65,6 милиони денари, односно безмалку 1,1 милиони евра за отворање на работни места во 2018. 

Агенцијата за привлекување на странски инвестиции со вкупно 300.000 евра царински ослободувања им помогнала на АРЦ Аутомотив, Ван Хол, Витек, Кемет Електроникс и Адиент.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Возачи од денес ќе точите горива по повисоки цени

Возачи од денес ќе точите горива по повисоки цени

Над 4.100 граѓани аплицираа во Град Скопје за субвенции за велосипед во 2019 година

Над 4.100 граѓани аплицираа во Град Скопје за субвенции за велосипед во 2019 година

Бислимовски очекува новите станови да поевтинат за 100 евра

Бислимовски очекува новите станови да поевтинат за 100 евра

По повисоки цени возачите ќе полнат бензин и дизел од полноќ

По повисоки цени возачите ќе полнат бензин и дизел од полноќ

Како работеа бизнисите на Трифун Костовски лани?

Како работеа бизнисите на Трифун Костовски лани?

Сестрата Олга со „Еуролинк осигурување“ подобра од братот Коки со „Еуростандард банка“

Сестрата Олга со „Еуролинк осигурување“ подобра од братот Коки со „Еуростандард банка“

Кој е поуспешен од децата на Трифун Костовски?

Кој е поуспешен од децата на Трифун Костовски?

Нови поповолни услови за кредитирање во Силк роуд банка

Нови поповолни услови за кредитирање во Силк роуд банка

ИМА НАЈАВИ ЗА ПОСКАПУВАЊЕ НА ЗЛАТОТО: Македонските златари се жалат дека работата оди тешко

ИМА НАЈАВИ ЗА ПОСКАПУВАЊЕ НА ЗЛАТОТО: Македонските златари се жалат дека работата оди тешко