Познатиот водител Ване Маркоски си оди од Канал 5
Објавено во: Стил 02 Октомври, 2020
Познатиот ТВ водител Ване Маркоски заминува од телевизијата Канал 5. Информацијата ја сподели на социјалните мрежи самиот.
„Поминавме одлични 5 години взаемна соработка, почит и разбирање. Дојде време за промена, а кога душата е „пуштена на најјако“ најлошо е да и противречиш, па затоа превземав чекор со кој ни се разделија патиштата. Благодарам на Канал 5 за целокупната доверба овој период, доверба која ја оправдав како работник, работник кој секогаш беше во први редови за одбрана на интересите на телевизија и програмата и останува уште цел месец, напиша Маркоски.
Вели дека засега нема друг ТВ ангажман.