ПОЗНАТАТА НОВИНАРКА ИВОНА ТАЛЕВСКА ПО 25 ГОДИНИ СИ ОДИ ОД СИТЕЛ - еве каде ќе продолжи да ја гради новинарската кариера
Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2024
Познатата новинарка Ивона Талевска преку свој фејсбук профил објави дека после 25 години, ја напушта телевизијата каде што долги години работеше, Сител, и каде што практично ја доживеа својата популарност, и преминува во Алфа телевизија.
Не кажува во постот каква позиција ќе добие во Алфа, односно дали повисока раководна функција, или, пак, ќе води некоја емисија.
„Од денес, по точно 25 години, не сум веќе во Сител.
Наскоро се гледаме од ТВ Алфа, единствената македонска телевизија со европски капитал, со истиот ентузијазам и со истата љубов која ја имам кон својата публика“, пишува Талевска на фејсбук.