ПОЗНАТА ПО БРЕНДОВИТЕ HAPPY DAY, BRAVO, RAUCH ICE TEA, СЕГА ЈА КУПУВА И МАКЕДОНСКАТА ВИТА-РЕС: Која е австриската компанија која работи на три стратешки бизнис полиња?
Објавено во: Економија 05 Август, 2024
Една од
најуспешните европски компании за производство на сокови, австрискиот гигант „Раух“
(Rauch Fruchtsafte GMBH), сака да
стекне самостојна контрола врз македонската компанија „Вита-рес“, соопшти Комисијата за заштита конкуренцијата.
-На 25.07.2024 година, до Комисијата за заштита на конкуренцијата е доставено известување за концентрација со која РАУХ ФРУЦХТСАФТЕ ГМБХ, со седиште на ЛАНГГАССЕ 1, 6830 Ранквеил, Република Австрија, има намера да стекне самостојна контрола над Друштво за производство трговија и услуги ВИТА РЕС ДОО УВОЗ-ИЗВОЗ РЕСЕН.
Во целина, Групацијата на претпријатија РАУХ ФРУЦХТСАФТЕ зазема три стратешки бизнис полиња. Покрај производството и продажбата на Раух брендовите од “Happy Day“ до “Bravo“, “Nativa“ и “Rauch IceTea“, Раух е етаблиран и во B2B сегментот. Во рамките на оваа гранка, компанијата Раух ја има улогата на производител и продажна компанија за интернационалните купувачи на овошни концентрати и полу-производи. Третото поле се однесува полнењата по лиценца. Како добавувач на услуги, Раух полни за други производители на пијалаци со својата екпертиза и врвни системи и линии за полнење на лименки, ПЕТ (пластика), картонски (пр. Тетра Пак) и стаклени шишиња. РАУХ ФРУЦХТСАФТЕ моментално има контрола над повеќе друштва што може да се утврди од ВИТА РЕС, директно е активен во сектор за преработка на овошје и производство на производи добиени од обработката на овошјето (овошни концентрати, овошно пире и овошни смрзнати коцки).
Вита Рес нема контрола во други друштва, но оваа македоска компанија пласира производи на пазарот во Европа и секако во нашата земја. Активностите на компанијата се во сектор за преработка на овошје и производство на производите добиени од обработката на овошјето и зеленчукот (овошни концентрати, овошно пире и овошни смрзнати коцки) се наоѓаат во Република Северна Македонија.
Вкупен приход на ВИТА РЕС остварен во Северна Македонија е поврзан во главно со продажба на полу-готови производи добиени од обработката на овошјето (овошни концентрати, овошно пире и овошни смрзнати коцки).
-Подносителот на известувањето, предлага, како релевантен пазар за оценка на предметната концентрцаиј да се дефинира пазарот за преработка на овошје и производство на полу-готови производи од овошје (овошни концентрати, овошно пире и овошни смрзнати коцки). Врз основа на прелиминарното испитување Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана. Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата.
А. Б.фото: YouTube/Print Screen