Познат имотот кој ќе се дели по смртта на Марадона

Објавено во: Свет 28 Ноември, 2020
По смртта на фудбалската легенда Диего Армандо Марадона, италијанските медиуми тврдат дека иако аргентинскиот ас делувал сиромашно, дека сепак тој е сопственик на цела зграда во Буенос Аирес, како и на неколку станови во центарот на аргентинскиот главен град. Поседувал и колекција на скапи автомобили, инвестиции во Куба и Италија, фудбалско школо во Кина и актуелни договори за користење на маркетиншки права на неговото име и лик кои ќе важат и по неговата смрт.
„Кориера дела Сера“ тврди дека иако фудбалскиот бог кога починал во моментот во банка на сметка имал само 100.000 долари, сепак се проценува дека богатството на Марадона е вредно околу 170 милиони долари и дури сега ќе започне вистинска војна за неговиот имот.
Марадона законски признава два сина и три ќерки, а наводно и во Куба има уште три деца кои ги направил кога се лекуваше во оваа карипска држава, додека уште тројца Аргентинци се обидуваат да докажат дека легендарниот фудбалер им е татко.
Марадона уште минатата година неколку пати изјави дека на децата ништо нема да им остави туку целиот имот по смртта ќе го донира.
Во моментов се чека неговиот адвокат Матијас Морла да се огласил во јавноста.
Можеби ќе ве интересира
ПРОДОЛЖУВА ПОТРАГАТА ПО ПРЕЖИВЕАНИ: Индонезија утринава доживеа уште еден силен потрес
РАНО Е ЗА КОВИД ПАСОШ, УШТЕ НЕМА ИНФОРМАЦИИ ЗА ЕФИКАСНОСТА НА ВАКЦИНАТА: СЗО повикува вакцинацијата да не биде услов за патување
(ВИДЕО) СИЛНИ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО ИНДОНЕЗИЈА И ГВAТЕМАЛА: Се бројат жртви

Лекар од Русија тврди дека напролет полесно ќе се борат со коронавирусот

Фајзер ја намалува испораката на вакцини во Европа, немаат доволно произведено

Норвешка предупредува: Вакцините против Ковид-19 се премногу ризични за пациенти над 80 години
ВО ЊУЈОРК ВИСТИНСКА ДРАМА КАКО НА ФИЛМ - дел од автобус виси на надвозник, има и повредени

Високите нивоа на Д3 витаминот придонесува заболувањето од Ковид-19 да биде со полесна клиничка слика

ОПТИМИСТИЧКА ПРОГНОЗА: Руски лекар тврди дека брзо ќе се справиме со пандемијата
