16 Јули, 2020
0.0277

Повторно работи градскиот превоз во Белград, од понеделник децата одат во градинка во Србија

Објавено во: Балкан 08 Мај, 2020

Јавниот градски превоз во Белград, кој беше откажан за време на вонредната состојба поради епидемијата на коронавирус околу месец и половина, повторно функционира од денес. Градскиот превоз во главниот град може да го користат сите граѓани.

Градските возила за транспорт (автобуси, транваи и тролејбуси) излегоа на улиците на главниот град рано утрово во четири часот во ист обем како пред да се донесе решението за откажување на јавниот градски превоз.

Од понеделник започнуваат со работа и градинките во Србија. Родителите мора да имаат потврда од работодавачот и педијатарот доколку сакаат да го одведат детето во градинка.

Од 11 мај, децата на родители кои мораат да одат на работа и не се во можност да се грижат за своите деца на поинаков начин, ќе можат да одат во градинка. За да го докажат тоа, родителите ќе треба да имаат потврда од работодавачот дека треба да ја извршат работата во седиштето на компанијата. Неопходно е да се наведе контакт на работодавачот.

Приемот на дете во предучилишна установа ќе биде можно само со потврда на надлежниот педијатар дека детето е здраво (систематско испитување извршено пред упис во градинка или по долго отсуство на детето од градинка).

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС УШТЕ Е ВО ИГРА - Брнабиќ вели - не се откажала

ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС УШТЕ Е ВО ИГРА - Брнабиќ вели - не се откажала

Главниот инфектолог од Атина побара од владата да им забрани на Грците да патуваат во Македонија иако „таму било поевтино“

Главниот инфектолог од Атина побара од владата да им забрани на Грците да патуваат во Македонија иако „таму било поевтино“

Визирите создаваат лажно чувство на безбедност: Швајцарски лекар со нови тврдења

Визирите создаваат лажно чувство на безбедност: Швајцарски лекар со нови тврдења

ВУЧИЌ НАЈАВИ: Вакцината во Србија ќе пристигне до крајот на годината, маските задолжителни и на отворено

ВУЧИЌ НАЈАВИ: Вакцината во Србија ќе пристигне до крајот на годината, маските задолжителни и на отворено

Црна Гора е лидер со активни случаи на коронавирус

Црна Гора е лидер со активни случаи на коронавирус

ЕВРОПА И ПОМАГА НА СРБИЈА: Ќе испратат медицински персонал

ЕВРОПА И ПОМАГА НА СРБИЈА: Ќе испратат медицински персонал

Србија и Црна Гора се тргнати од листата безбедни земји на ЕУ

Србија и Црна Гора се тргнати од листата безбедни земји на ЕУ

За 40 евра се продавале лажирани тестови на границата меѓу Бугарија и Грција

За 40 евра се продавале лажирани тестови на границата меѓу Бугарија и Грција

АЈА СОФИЈА ЈА ПРЕЛЕА ЧАШАТА: Eвропа размислува за санкции против Турција

АЈА СОФИЈА ЈА ПРЕЛЕА ЧАШАТА: Eвропа размислува за санкции против Турција