28 Март, 2024
0.0245

Повторно протест пред Царина на увозниците на половни автомобили

Објавено во: Економија 22 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber


Членовите на националното здружение на граѓани увозници на половни автомобили „Регулатив“ денес повторно ќе излезат на мирен протест пред зградата на Царинската управа за да го искажат своето незадоволство од законските измени кои стапија на сила од почетокот на оваа година.
Истите предвидуваат повисок данок за увозот на постари возила, а тоа за увозниците на половни автомобили и сопственици на плацови претставува удар по нивната дејност. Бараат да се намали сумата за царина или CО2 данок, бидејќи според нив, давачките се покачени тројно кај одредени возила. Бараат да се намали акцизата за постарите возила со еуро 5 и еуро 6 стандард и да се укине CО2 данокот за нив. Од таму сметаат дека нема да поевтинат ниту новите возила на сметка на употребуваните, односно дека ќе поевтинат само оние кои чинат над 31.000 евра и електричните.
Увозниците на половни автомобили и минатата недела излегоа на протест пред Царината, уплашени дека данокот ќе ги поскапи користените возила, а тие ќе останат без работа. Царинските власти ги викнаа на разговор, порачувајќи им да не наседнуваат на некои, како што ги нарекуваат, шпекулативни пресметки кои кружат низ јавноста.

Многумина од увозниците имаат големи нејаснотии околу возилата кои се оцаринети пред почетокот на примената на новиот закон, и не знаат дали тие подлежат на дополнителен данок или не, а нејасна им е и состојбата со возилата кои се на пат за испорака во нашата земја. По состанокот што го имале со увозниците, царинските власти излегоа со соопштение, во кое признаваат дека има забелешки за законот кој стапи на сила од први јануари.


Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?