ПОВТОРНО КРАХИРАА АЕРОДРОМИТЕ: Проблеми на Белградскиот и на уште 13 аеродроми во Европа, Блискиот исток и Африка
Објавено во: Балкан 03 Август, 2024
Белградскиот аеродром „Никола Тесла“ соопшти дека по детална анализа на причините за краткотрајните ненадејни прекини во работата на софтверскиот систем што го забави процесот на пријавување на летот на одреден број шалтери за претходните два дена, беше утврдено дека проблемот е предизвикан од глобален софтверски дефект, надвор од контрола на аеродромот, што влијаеше и на локалниот систем.
Како што се посочува, проблемот истовремено влијаеше на работата на уште 13 аеродроми во Европа, Блискиот Исток и Африка.
Се додава дека поради брзата реакција на надлежните овие дефекти се санирани локално во најкус можен рок.
Одговорната компанија синоќа изврши поправка на системот на погодените локации и официјално не извести дека не се очекуваат дополнителни проблеми“, се вели во соопштението.
Белградскиот аеродром потсетува дека ова е втор инцидент поврзан со глобалните ИТ системи во оваа летна сезона, кој ги погоди и аеродромите. Тие исто така наведуваат дека активно соработуваат со нивните провајдери со цел да се намалат ризиците од слични ситуации.
„Уште еднаш им се извинуваме на сите патници чии летови беа погодени од споменатиот дефект“, се нагласува во соопштението.
Курир,рс