Повторно ќе се протестира пред Влада против загадениот воздух
Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2018
Група на граѓани се организираат преку социјалните мрежи за мобилизација на нов протест против загадениот воздух кој утре треба да се одржи пред Владата на Република Македонија во 13 часот.
„Британската влада во 2000 ни подарила согорувач за медицински отпад, кој не ги задоволува ЕУ-стандардите и не дава заштита од отровите при согорувањето. Овој согорувач не ги филтрира гасовите и токсините кои предизвикуваат рак и многубројни други нарушувања“, стои во објавата за настанот на Фејсбук.
Протест поради аерозагадувањето на сличен начин беше најавен и пред две седмици, пред Град Скопје, но тој беше одложен до, како што рекоа иницијаторите, некои други црни денови.