ПОВРЕДА НА ДЕСНОТО ОКО СО ГУБЕЊЕ НА ВИДОТ И ИЗГОРЕНИЦИ ПО ЛИЦЕТО - 14-годишно момче од Загреб со тешки повреди од петарда
Објавено во: Балкан 03 Декември, 2024
Малолетник кој со запалка активирал најверојатно фрлено пиротехничко средство во загрепски Суседград, завршил во болница со ТЕШКИ повреди, извести вчера полицијата, апелирајќи до родителите да ги предупредат децата за опасностите од пиротехниката.
Синоќа Нова ТВ јави дека се работи за 14-годишно момче кое на патот нашло петарда и ја запалило.
„Тешки физички повреди, значи се работи за повреда на десното око со губење на видот, а тој се здобил со повеќе изгореници на лицето, двете раце и повеќекратни скршеници на левата рака“, изјави Марио Куртанјек, педијатриски хирург во Загребската клиника за педијатрија.
Поради ваквите случаи, петардите од секаков вид беа целосно забранети пред три години. Но, наскоро ќе започне продажбата на дозволените средства на возрасни. Од 27 декември до 1 јануари може да се користат пиротехнички средства од категориите Ф2 и Ф3.
„Т.н. ознака Ф3 е нешто посилно пиротехнички средства како што се некои ракети, огномет и слично, тоа се средства чија употреба го зголемува ризикот“, забележува Раде Стојадиновиќ, судски експерт за оружје и балистика.