05 Јуни, 2020
0.0227

Поврат на ДДВ: Граѓаните кои скенираат сметки потрошиле 170 милиони евра, колку ќе добијат назад

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2019

Безмалку два милиони сметки скенирале граѓаните до 11 јули, соопшти денеска Управата за јавни приходи (УЈП). Апликацијата ја користат 120.000 граѓани, што значи дека сите во просек скенирале по 16 сметки. На сите овие сметки остварен е промет од над една милијарда денари (169 милиони евра), а повратот на 15 отсто од пресметаниот ДДВ е над 16 милиони денари (265 илјади евра)

„Заклучно со 11 јули 2019 година, скенирани се 1.964.811 фискални сметки, остварен е промет од 1.041.512.209 денари, а повратот од 15 проценти од пресметаниот ДДВ изнесува 16.323.077, стои во соопштението.

Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека граѓаните кои не се во можност да ја користат апликацијата МојДДВ на своите телефони, може да ги користат услугите коишто ги нуди УЈП во сите свои организациони единици кадешто фискалните сметки може да се скенираат на киоск апарати, баркод читачи како и паметни телефони на кои е инсталирана апликацијата МојДДВ.

Оттаму додаваат дека граѓаните инсистираат да им бидат издадени фискални сметки за производите коишто ги купуваат и за услугите коишто ги користат, а се почесто во Управата за јавни приходи се пријавуваат и нерегуларностите при издавањето, односно неиздавањето на фискални сметки.

Од денеска апликацијата може да ја симнат и корисниците на ајфони.


Можеби ќе ве интересира

РЕКОРД: Скопје го напуштија 20.000 возила

РЕКОРД: Скопје го напуштија 20.000 возила

ФАКТОР НА ДЕНOT: Денес 120 нови заразени, стартува полицискиот час

ФАКТОР НА ДЕНOT: Денес 120 нови заразени, стартува полицискиот час

СТАРТУВА ЗА ДВА ЧАСА: Неколку општини одат во 80 часовен карантин

СТАРТУВА ЗА ДВА ЧАСА: Неколку општини одат во 80 часовен карантин

Да ги прифатиме тестирањата и анкетирањата, повика ДУИ откако бројот на заразени расте

Да ги прифатиме тестирањата и анкетирањата, повика ДУИ откако бројот на заразени расте

АНКЕТА: Македонците се плашат, а 25 отсто од Албанците сметаат дека короната не постои

АНКЕТА: Македонците се плашат, а 25 отсто од Албанците сметаат дека короната не постои

Се трага по лицето кое ноќеска фрлало јајца на фасадата на Владата

Се трага по лицето кое ноќеска фрлало јајца на фасадата на Владата

СЕ ЈАВИ МАКСО: Очекувам извинување од СДСМ, вистината за овој монтиран случај ќе излезе на виделина

СЕ ЈАВИ МАКСО: Очекувам извинување од СДСМ, вистината за овој монтиран случај ќе излезе на виделина

И ВЧЕРА СМЕ ИМАЛЕ 120 НОВОЗАБОЛЕНИ - Официјални бројки на Институтот за јавно здравје

И ВЧЕРА СМЕ ИМАЛЕ 120 НОВОЗАБОЛЕНИ - Официјални бројки на Институтот за јавно здравје

КУМАНОВСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК Е ЗАКОНСКИ ЧИСТ - Обвинителството ја отфрли кривичната против него, не прекршил ни еден пропис

КУМАНОВСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК Е ЗАКОНСКИ ЧИСТ - Обвинителството ја отфрли кривичната против него, не прекршил ни еден пропис