Повозрасен охриѓанец паднал во провалија
Објавено во: Македонија 03 Јули, 2020
Повозрасен маж во охридско паднал во провалија.
Во сeлото Велестово, К.Ј.(64) од Охрид вчера претпладне паднал во провалија, при што се здобил со тешки телесни повреди. Тој е пренесен во општата болница во Охрид, каде му е укажана лекарска помош.