27 Септември, 2020
0.0469

Повикан во полиција малолетник кој палел шума и се снимал на „Тик-Ток“

Објавено во: Македонија 15 Август, 2020

СВР Скопје - Единицата за насилен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје ќе поднесе писмено известување за 17-малолетник од скопското село Мојанци,поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 4 август на социјалната мрежа „Тик-Ток“ тој објавил видео и фотографии како предизвикува пожар, односно потпалува нискостеблеста шума и трева на јавна површина. Фотографиите и видеата биле споделени на повеќе социјални мрежи, по што Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презеде мерки и активности и на 5 август до СВР Скопје-Единицата за насилен криминал доставена е документација со повеќе снимени видео клипови на кои се гледа дел од фигура на лице како врши потпалување на повеќе дрва и грмушки на јавна површина - планина, како и фотографии од лице со профил на социјална мрежа „Тик-Ток“, под псевдоним Д.К..

Од страна на полициските службеници од Единицата за насилен криминал беа преземени мерки и активности, при што било утврдено дека лицето кое предизвикува пожар на јавна површина е 17-годишен малолетник од с.Мојанци, а местото каде што го извршува кривичното дело се падините на блиската шума над с.Мојанци. По утврдување на идентитетот, на 13.08.2020 малолетникот заедно со неговиот татко бил повикан на разговор во просториите на Единицата за насилен криминал, каде што во присуство на инспектор по малолетничка деликвенција, го признал делото и потврдил дека тој палел нискостеблеста трева и шума на падините на блиската шума над с.Мојанци.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител за малолетници и по негови насоки делото е квалификувано како „предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво член 288 од Кривичниот законик.


Можеби ќе ве интересира

Денеска ќе има и сонце, од утре пак повеќе облаци и дожд

Денеска ќе има и сонце, од утре пак повеќе облаци и дожд

Први рестрикиции би биле забрана на јавни собири: Филипче исклучува карантин во моментов

Први рестрикиции би биле забрана на јавни собири: Филипче исклучува карантин во моментов

Животот на Борче, живот ли е? Емотивна сторија за човекот кој има многу љубов

Животот на Борче, живот ли е? Емотивна сторија за човекот кој има многу љубов

Ново видео фрла сенка врз инцидентот во Битола: Полицаецот не нападнал прв?

Ново видео фрла сенка врз инцидентот во Битола: Полицаецот не нападнал прв?

Филипче жали за смртта на медицинската сестра: Изрази сочувство

Филипче жали за смртта на медицинската сестра: Изрази сочувство

Доктор нападнал колега во кумановската болница: Нападнатиот доктор избегал низ прозорецот!

Доктор нападнал колега во кумановската болница: Нападнатиот доктор избегал низ прозорецот!

Невреме со многу дожд беснее попладнево во земјава

Невреме со многу дожд беснее попладнево во земјава

Не може на секој компјутер или лаптоп: Објавени деталите за тоа каков уред им треба на децата за онлајн наставата

Не може на секој компјутер или лаптоп: Објавени деталите за тоа каков уред им треба на децата за онлајн наставата

Во Скопје не се смирува: Во земјава за еден ден нови 141 заболени

Во Скопје не се смирува: Во земјава за еден ден нови 141 заболени