25 Април, 2024
0.0283

Повеќе од 70 нови вработувања во „Брако“ од почетокот на годинава

Објавено во: Економија 09 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Новите проекти и инвестиции во „Брако“ ја продолжуваат тенденцијата на отворање нови работни места и тоа во услови на дестабилизирани економски текови во светски рамки.

Од почетокот на годинава до јули, „Брако“ вработи 74 нови лица со што во моментов компанијата брои над 600 вработени. Додека вкупниот број на вработени во Групацијата „Фероинвест“, од која што дел е и “Брако“, ја надмина бројката од 1.000.

Интензивните повеќемилионски инвестиции во нови производствени хали со најсофистицирана технологија која моментално постои во светот ја одржуваат динамиката на компанијата и производствениот континуитет.

Изградената нова хала од 2.200 метри квадратни за производство на топло цинкувана жица како и планираната изградба на нов погон за технолошки најсовремените „Грин Машинс“ возила  на површина од 4.200 метри квадратни и целосно реновираната производствена хала од 1.000 метри квадратни со нов машински парк за производство на опружна жица се дел од стратегијата на „Брако“ за континуирани инвестиции во својот развој.

Преку отворањето нови работни места, „Брако“ директно влијае на намалување на трендот на иселување и на намалување на невработеноста, со што многу млади инженери и техничари од машинската струка ја наоѓаат својата перспектива тука и започнуваат или продолжуваат да ја градат својата кариера.


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?