19 Април, 2024
0.0248

Повеќе од 380 компании на 5. FMCG Summit Скопје 2019

Објавено во: Мои пари 17 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Повеќе од 380 учесници од најголемите компани од секторот за трговија со стока за широка потрошувачка во земјава го посетија 5. FMCG SUMMIT што се одржа вчера во хотелот „Александар Палас“.

Магазинот InStore е организатор на овој најголем настан во трговскиот сектор во Македонија.

Пред присутните на самитот, своите драгоцени искуства и знаења ги споделија 11 говорници од земјава и од Словенија, Хрватска, Србија и од Велика Британија. Главна ѕвезда беше британскиот футуролог за малопродажба Метју Браун. Тој преку интересна презентација насловена „Патување во иднината на малопродажбата“ ги инспирираше и импресионираше гостите.

FMCG самитот е ексклузивно случување во секторот и централно место кое ги  поврзува трговците, произведувачите и дистрибутерите.

Големо е задоволството што на овој мини јубилеен петти FMCG самит имавме учеснции во толку голем бро и говорници од повеќе земји. Тоа всушност го истакнува и значењето на овој настан не само за трговскиот сектор, туку и за земјата. Горди сме што уште еднаш срушивме рекорди и ги исполнивме очекувањата на учесниците, изјави Верица Мартиновска, директорка на магазинот InStore во Македонија.

InStore е уникатен регионален проект, месечен магазин за FMCG секторот. Магазинот излегува во Македонија, Србија, БИХ, Хрватска и во Словенија. Во секоја од земјите, еднаш годишно InStore организира FMCG самит.

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година