Повеќе од 340 потреси во Албанија имало за едно деноноќие
Објавено во: Балкан 23 Септември, 2019
Регистрирани се повеќе од 340 дополнителни земјотреси во Албанија за едно деноноќие.
Голем број жители на градовите Тирана и Драч не се вратија во нивните домови, поради големиот број потреси кои уследија по најсилниот земјотрес од 5,8 степени во кој беа повредени над 100 лица, а стотина објекти се оштетени. На жители на Тирана им било речено да не се враќаат во нивните домови затоа што се проценети како небезбедни. По лажните вести за нов силен земјотрес, сеизмолозите ги смируваат граѓаните, велејќи дека не можат да се предвидат земјотреси и дека по најсилниот, обично наредните потреси ослабнуваат.