07 Декември, 2024
0.0290

ПОВЕЌЕ ОД 200 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО ЗЛАТО: Оваа земја има со што да се пофали

Објавено во: Економија 10 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Вредноста на златните резерви на Русија во октомври за прв пат надмина 200 милијарди долари, покажуваат денеска објавените податоци од Банката на Русија.

На крајот на октомври Русија имаше златни резерви во вредност од рекордни 207,7 милијарди долари, а руските инвестиции во злато минатиот месец се зголемија за речиси четири отсто, пренесува РИА Новости.

Учеството на златото во вкупните руски меѓународни резерви во октомври порасна на 32,9 отсто, што претставува рекорден удел од ноември 1999 година, кога изнесуваше 34 отсто.

Максималното учество на златото во руските резерви беше забележано на 1 јануари 1993 година и беше на ниво од 56,9 отсто, а минималното учество во јуни 2007 година – само 2,1 отсто.

Банката објави и дека вкупната вредност на руските меѓународни резерви, вклучувајќи злато и девизи, на 1 ноември изнесува 631,6 милијарди долари.

Бизпортал.рс

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ Светските енергетски лидери во Скопје: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025“

„ Светските енергетски лидери во Скопје: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025“

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата е упорна, платите многу се зголемија

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата е упорна, платите многу се зголемија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Минималната плата ќе ја договорат синдикатите и работодавачите, премиерот нема да се меша

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Минималната плата ќе ја договорат синдикатите и работодавачите, премиерот нема да се меша

МИЦКОСКИ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Некои корисници примале до 60.000 денари, некои се починати, некои долго се отсутни од државата

МИЦКОСКИ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Некои корисници примале до 60.000 денари, некои се починати, некои долго се отсутни од државата

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат

СИНДИКАТОТ БАРА ПОВИСОКИ ПЛАТИ: Дали минималецот ќе се зголеми на 450 евра?

СИНДИКАТОТ БАРА ПОВИСОКИ ПЛАТИ: Дали минималецот ќе се зголеми на 450 евра?

Ќе ја интензивира ли Јавното обвинителство предистражната постапка за предметот според кој Телеком треба да плати 4 милиони отштета на човек фирма?

Ќе ја интензивира ли Јавното обвинителство предистражната постапка за предметот според кој Телеком треба да плати 4 милиони отштета на човек фирма?

ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ, ДЕПОЗИТИ, МОНЕТАРНО ЗЛАТО: Koлку изнесувале девизните резерви во ноември?

ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ, ДЕПОЗИТИ, МОНЕТАРНО ЗЛАТО: Koлку изнесувале девизните резерви во ноември?

Најновите избраници на Трамп се благодет за неговите најбогати крипто-поддржувачи

Најновите избраници на Трамп се благодет за неговите најбогати крипто-поддржувачи