07 Март, 2021
0.0252

(ПОТРЕСНО ВИДЕО): Седум кинески рудари во лоша состојба се извлечени на безбедно

Објавено во: Свет 24 Јануари, 2021

Седум кинески рудари беа извлечени на безбедно, извлечени од спасувачки екипи, откако две недели беа затрупани во рудникот, по експлозијата која ги спречи да излезат. 

Ова го објави државната телевизија ККТВ, која претпоставува дека уште најмалку четворица, од вкупно 22 рудари, се уште се живи во затрупаниот рудник за злато.

Инаку, на телевизиската видео снимка се гледа како спасувачките екипи го извлекле првиот рудар, кој бил во „исклучително тешка физичка состојба” и веднаш е пренесен во болница.

Пред една недела прв пат беше воспоставен контакт со 11 рудари, кои се затрупани околу 580 метри под земјата. Еден од нив бил тешко повреден во експлозијата и подоцна починал.

Спасувачите им доставуваат храна, лекови и други потребни материјали преку неколку дупки кои се направени во карпите. Спуштени се и детектори во други делови на рудникот, во надеж дека ќе бидат пронајдени останатите затрупани рудари.

Спасувачките екипи соопштија дека можеби ќе бидат потребни најмалку уште две недели за да бидат извлечени рударите на безбедно.

Погледнете го видеото


Можеби ќе ве интересира

РЕЗУЛТАТИТЕ СЕ ОХРАБРУВАЧКИ: Компанијата Мерк работи на орален лек против ковид 19

РЕЗУЛТАТИТЕ СЕ ОХРАБРУВАЧКИ: Компанијата Мерк работи на орален лек против ковид 19

Холандски весници: Руски и кинески хакери ја нападнаа Европската агенција за лекови

Холандски весници: Руски и кинески хакери ја нападнаа Европската агенција за лекови

ИМАТЕ ЛИ 500 ДОЛАРИ - повелете да си купите вакцина на црниот пазар

ИМАТЕ ЛИ 500 ДОЛАРИ - повелете да си купите вакцина на црниот пазар

ЈА ДОНЕСОВ ФОТОГРАФИЈАТА БИДЕЈЌИ СУМ ГОРД НА НЕГО - аргентински градоначалник се вакцинираше со слика на Путин

ЈА ДОНЕСОВ ФОТОГРАФИЈАТА БИДЕЈЌИ СУМ ГОРД НА НЕГО - аргентински градоначалник се вакцинираше со слика на Путин

РАДИОАКТИВНА ПРАШИНА СТИГНА ВО ЕВРОПА - 60 години по тестот на атомската бомба дојде како бумеранг

РАДИОАКТИВНА ПРАШИНА СТИГНА ВО ЕВРОПА - 60 години по тестот на атомската бомба дојде како бумеранг

НЕ Е ТОЧНО ДЕКА НАЈЛОШОТО ПОМИНА - СЗО вели дека уште не е време за опуштање

НЕ Е ТОЧНО ДЕКА НАЈЛОШОТО ПОМИНА - СЗО вели дека уште не е време за опуштање

КОНЦЕРТ ЗА ВАКЦИНИРАНИТЕ - како Израел слави што ја добива битката против ковид 19

КОНЦЕРТ ЗА ВАКЦИНИРАНИТЕ - како Израел слави што ја добива битката против ковид 19

Дури кон средината на март СЗО ќе објави податоци за потеклото на коронавирусот

Дури кон средината на март СЗО ќе објави податоци за потеклото на коронавирусот

Израел прогласи победа над коронавирусот, но лекарите се плашат од новите соеви

Израел прогласи победа над коронавирусот, но лекарите се плашат од новите соеви