08 Декември, 2024
0.0827

Потенцијалот за раст на е-трговијата во регионот е огромен, но сè уште недоволно искористен

Објавено во: Финансии 12 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

 Денес, во Националната опера и балет во Скопје под мотото „E-commerce: Untangling Potential“, започна Седмата годишна конференција за е-трговија, која во своето трето регионално издание е домаќин на преку 700 учесници од повеќе од 10 земји, а на која свое излагање ќе имаат преку 30 еминентни говорници од земјата и странство.

Предизвиците на е-трговците поврзани со доставата, плаќањето, прекуграничнот и меѓународен раст на бизнисите, а секако маркетингот и вештачката интелегенција во е-трговијата ќе бидат главните теми на годинашното издание кои ќе бидат преставени во четири презентации, две студии на случај и четири панел сесии со домашни, регионални и меѓународни говорници.

Конференција ја отвори Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, кој во своето обраќање истакна дека во претстојниот период, особено внимание ќе се посвети на создавање на поволна деловна клима која ќе го поттикне претприемништвото во дигиталната сфера. 

„Сакам да ја нагласам нашата посветеност кон развојот на е-трговијата како клучен двигател на економскиот раст. Нашата визија е насочена кон создавање на динамичен дигитален екосистем преку систематски пристап во неколку клучни области. Планираме да ја зајакнеме дигиталната инфраструктура, да инвестираме во дигитални вештини на населението и да создадеме поволна регулаторна рамка која ќе го поттикне развојот на секторот. Нашата намера е и да работиме на олеснување на прекуграничната трговија, унапредување на системите за плаќање и модернизација на логистичката инфраструктура. Преку адресирање на овие клучни предизвици, можеме да создадеме поинтегриран и поефикасен регионален пазар“, посочи министерот Андоновски.


Публиката ја поздрави и Н.Е. Петра Дрексел, Амбасадорката на Сојузна Република Германија во нашата земја.

„Пред само неколку недели, лидерите од Западен Балкан и Европа се состанаа по десетти пат на самитот на Берлинскиот процес, процес дизајниран да ја подобри регионалната соработка за поддршка на европската интеграција, вклучувајќи го и секторот за е-трговија. Едно од клучните достигнувања на оваа година беа деветте договори за заеднички регионален пазар, од кои три директно го таргетираат секторот за е-трговија. Тие се дизајнирани да ја подобрат регионалната е-трговија, да ја зајакнат заштитата на потрошувачите на интернет и да ги подобрат регионалните услуги за испорака на пакети. Тоа значи: подобри рамковни услови, подобрен пристап до нови пазари и намалување на трансакциските трошоци.Германската дипломатија работеше напорно за да придонесе овој одлучувачки чекор да биде возможен. Поддршката на регионалната соработка и создавањето на Заеднички регионален пазар одигра клучна улога за односите на Германија со Северна Македонија и со другите земји од регионот. Последниве четири години, со поддршка од германската влада и Европската унија, ГИЗ имплементира проект во рамките на Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа, со цел да го подобриме пристапот на давателите на е-трговија во рамките на ЦЕФТА за пристап до регионалните и меѓународните пазари“, истакна Дрексел.  

Покрај нив, поздравно обраќање имаше и претседателката на Асоцијацијата за е-трговија, Д-р Нина Ангеловска-Станков. 

„Горди сме што сме домаќини на регионална конференција која еднаш годишно ги собира на едно место сите засегнати страни за да ја разгледаме состојбата, предизвиците, решенијата и трендовите во е-трговијата. Во изминатиот период се забележува значително раздвижување на полето на е-трговијата – потенцијалот на регионот почна да го привлекува вниманието и на интернационални компании – од влезот на глобални играчи, до регионални компании кои се шират на повеќе пазари. Регионот има голем потенцијал за раст на е-трговијата но, тој потенцијал е сè уште “заплеткан”, поради што агендата оваа година е конципирана така што детално ги разгледува аспектите и степенот на „одплеткување“ на можностите за е-трговија. Оттаму, темата на овогодинешната конференција нови наслов „Е-трговија: Одплеткување на потенцијалот.“ 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ НАЈБОГАТИТЕ ИЗВРШНИ ДЕИРЕКТОРИ НА СВЕТОТ: Маск и Цукерберг најскапи

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ НАЈБОГАТИТЕ ИЗВРШНИ ДЕИРЕКТОРИ НА СВЕТОТ: Маск и Цукерберг најскапи

СЕ МИЛИОНЕРИ ДО МИЛИЈАРДЕРИ: Новиот претседател на Америка ќе го има најбогатиот кабинет во историјата на светот

СЕ МИЛИОНЕРИ ДО МИЛИЈАРДЕРИ: Новиот претседател на Америка ќе го има најбогатиот кабинет во историјата на светот

ПОЗНАТ БАНКАР И ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ СТАНУВА ВТОР ЧОВЕК НА БАНКАРСКИОТ ЕСНАФ - Бојан Стојаноски именуван за заменик претседател на МБА

ПОЗНАТ БАНКАР И ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ СТАНУВА ВТОР ЧОВЕК НА БАНКАРСКИОТ ЕСНАФ - Бојан Стојаноски именуван за заменик претседател на МБА

БИТКОИНОТ НА ИСТОРИСКИ НАЈВИСОКО НИВО: надминува 100.000 долари, аналитичар: Ова значи три работи

БИТКОИНОТ НА ИСТОРИСКИ НАЈВИСОКО НИВО: надминува 100.000 долари, аналитичар: Ова значи три работи

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“