Постпразнично паднаа цените на горивата
Објавено во: Економија 08 Јануари, 2020
Во следните неколку денови возачите ќе точат горива по цени кои бележат пад од половина денар.
Регулаторната комисија реши денеска да ги намали цените на бензините, дизелот и но и на екстра лесното масло за домаќинства.
Тоа значи дека, почнувајќи од ноќеска на полноќ, па се до понеделник, Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 68 ден/лит, Еуродизел (Д-V) ќе чини 62,5 ден/лит а 51,5 денари за литар ќе се продава ЕЛ-1.
Од друга страна мазутот бележи скок во цената и во следните неколку дена согласно одлуката на РКЕ тој ќе чини 38,548 денари.