19 Април, 2024
0.0362

ПОСЛЕДНИОТ ЛЕТ НА КОБИ БРАЈАНТ: Како паднал хеликоптерот и дали мораше така да биде?

Објавено во: Свет 28 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Американските експерти изнесоа детална реконструкција на летот на хеликоптерот во кој загинаа девет лица, меѓу кои и еден од најголемите кошаркари во историјата Коби Брајант.

Засега, ова се фактите:

Хеликоптерот Сикорски С-76Б, направен во 1991 година, полетал во неделата наутро, по американско време, од аеродромот на околу 55 километри од центарот на Лос Анџелес.

Коби Брајант и осум други лица летаа кон кошаркарската академија на познатиот кошаркар Брајант, на натпревар на екипата која Коби ја тренирал а во која играла и неговата ќерка .

Летот требало да трае околу околу 40 минути, бидејќи ги чекало патување од околу 112 километри на северозапад. Планирано е хеликоптерот да го прелета центарот на Лос Анџелес, потоа преку долината Сан Фернандо северно од градот, а потоа до својата крајна дестинација над ридско подрачје кое води кон запад, преку Таузенд Окс.


За жал, хеликоптерот таму се урна и никој не преживеа.

Во експертска анализа на фаталниот лет, „Њујорк магазин“ се обиде да реконструира како се одвивале работите и што довело до тоа пилотот Ара Зобајан да ја изгуби контролата.

Авторот Џеф Вајс објави дека пилотот во текот на летот се потпирал на својот поглед од кабината кон теренот и дека затоа морал да остане под облаците. Во спротивно, би морал да се префрли на „правилата за инструментален лет“ со кои електронски би добил насоки како да се спаси од опасниот терен, комплицирано време и други летала.

-Меѓутоа, воздушниот простор над Јужна Калифорнија е многу зафатен и можеби би ви рекле да чекате еден час. А, ако го побарате тоа, тогаш сте само еден од многуте кои чекаат, без разлика на тоа што сте Коби Брајант“, рекол авторот Пол Клајн, професор асистент по авијација на Градскиот универзитет во Њујорк.

Значи, потпирајќи се на видот, пилотот го кренал хеликоптерот на надморска височина од 243 метри и се упатил кон северо-запад со брзина од 280 километри на час.

„Додека летал над центарот на Лос Анџелес, тој исто така прелетал и низ салата каде Брајант ја помина својата 20-годишна кариера. Продолжил според планот и можел да го следи автопатот, бидејќи и пилот без ориентација може да се снајде во ЛА само следејќи го сообраќајот“, обајснуваат.

А, потоа сепак морал да побара дозвола.

IZVOR: TANJUG, HONS/GROUP 3 AVIATION



„Пред да влезе во долината Сан Фернандо, во близина на аеродромот, морал да добие дозвола од контролата на лет. Тука забавил и почнал серија свртувања налево. И после 11 минути добил одобрение и продолжил“.

Следејки го планираниот пат, хеликоптерот стигнал близу до целта - „Мамба спортската академија“. Била оддалечена само 27км западно.

„Прв пат хеликоптерот не летал над широкото пространство на урбаниот Лос Анџелес. Овде тлото е брдско и стрмно. Маглата го надвила теренот и видливоста не можела да биде поголема од 50 до 100 метри, а до 9:45 утрото температурата ја растерала маглата од поголемиот дел на подрачјето, но дебелите ниски облаци и понатаму биле тука“, објаснуваат авторите на реконструкцијата.

Додека хеликоптерот и се приближувал на крајната цел, бил на висина од 150 метри.

„Во желба да направи сигурносен појас меѓу себе и целиот брдовит терен, пилотот можеби започнал побрз успон, качувајќи се на скоро 300 метри за 36 секунди. Тоа го донело многу близу до дното на облак кој во тоа време бил регистриран во близина на локалниот аеродром“.

Можеби никогаш нема да дознаеме дали хеликоптерот навистина влегол во облак, но ако е, тогаш наишол на некој вид невидлива линија. А, тогаш пилотите кои управуваат со леталото врз основа на визуелен преглед на теренот повеќе не можат да го видат тлото.

IZVOR: GULIVER, HARRY HOW/GETTY IMAGES NORTH AMERICA


Затоа е и можно пилотот за брзо време да станал целосно дезориентиран.

-Кога влезете во таква ситуација, тогаш вашите сетила не работат. Јас секогаш имам чувство дека паѓам надесно. Некои имаат чувство дека паѓаат во спротивната страна или дека одат нагоре“, тврди професор од американскиот универзитет.

Покрај тоа, пилотот на Брајант имал уште еден проблем, бидејќи знаел дека пред него е стрмен терен, а не можел да го види. За да избегне удар, морал да продолжи да се качува и со тоа да се надева да достигне одредена висина побрзо од земјата која била под него. Или можел да ја намали брзината, да застане и да се спушта вертикално се додека не излезе од облакот.

Според движењето на леталото, утврдено е дека пилотот ја избрал третата можност.

Точно 15 секунди после 9:45 , тој направил нагиб на левата страна , а потоа нурнал.

-Зошто? Никогаш нема да можеме да влеземе во неговата глава и да ја знаеме сигурната вистина. Но, врз основа на моето летачко искуство, знам дека изненадно и интензивно чувство на опасност создава чувство на психолошко оптеретување , во кое е скоро невозможно рационално да се проценат опциите. Наместо тоа, се избираат моментните и најочигледни избори. Во овој случај, тоа значело дека пилотот се обидува да се врати на чист воздух така што би нурнал под облакот, со нагло вртење, со кое би избегал од опасниот терен“.

Точно 18 секунди откако почнал да се врти, хеликоптерот изгубил околу 250 метри висина и се вратил во насока кон исток. Но пилотот не успеал да го земе предвид фактот дека тлото не се издигнувало само пред него туку, и од страна. А , леталото С-76Б, во кое беа Коби и уште осуммина патници, удрило во падините со 270 км/час.

Професор од универзитетот се оградил од оваа детална проценка и нагласил дека се ова е само можност, бидејќи не е исклучено и тоа дека хеликоптерот доживеал ненадеен механички проблем, кој го приморал да падне.

Сепак, тој не може да се оттргне од впечатокот дека патниците би останале живи да одлучил да лета врз основа на своите инструменти и електронски сигнали, а не врз основа на својот вид.

Епилогот, за жал, е познат.

Можеби ќе ве интересира

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ЕПСКАТА ПОПЛАВА ВО ДУБАИ! Еве зошто поплавите направија хаос - експертите се загрижени

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ЕПСКАТА ПОПЛАВА ВО ДУБАИ! Еве зошто поплавите направија хаос - експертите се загрижени

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“