ПОСЛЕДИЦА НА ПАНДЕМИЈАТА: Во светот 60 милиони луѓе ќе живеат со помалку од 2 долари дневно
Објавено во: Економија, Корона Вирус 20 Мај, 2020
Коронавирусот ќе доведе до тоа 60 милиони луѓе да живеат во крајна сиромаштија.
Дефиницијата на Светска банка, говори дека „екстремна сиромаштија“ e да се живее со помалку од 1,90 долари по човек дневно.
Директорот на Светската банка, Дејвид Малпас, вели дека пандемијата со вирусот ќе одведе до 60 милиони луѓе во „екстремна сиромаштија“.
Ова го поништува целокупниот напредок во намалувањето на сиромаштијата во последните три години.
Светската банка прогнозира дека глобалниот економски раст ќе се намали за 5 проценти додека земјите се борат против пандемијата, пренесува Би-Би-Си.
Штети има и најмоќната економија во Европа.
Мнозинството Германци очекуваат зголемување на даноците поради кризата предизвикана од пандемијата, покажаа истражувањата на Институтот „Инса“.