20 Април, 2024
0.0255

Поскапувањата во Србија поттик за масовни протести

Објавено во: Балкан, Економија 03 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Масовен штрајк поради поскапувањата во Србија, доколку владата за три седмици не се погрижи да ги врати старите цени на прехрамбените производи и енергенсите, предупреди челникот на Сојузот на синдикати во оваа земја Љубислав Обровиќ. Поскапувања во Србија следеа откако на 1-ви октомври стапи на сила одлуката на владата за зголемување на данокот на додадената вредност (ДДВ) од 18 на 20 отсто,  дел од првиот пакет мерки на новата српски власт за стабилизирање на јавните финансии. „Со зголемувањето на ДДВ-то не се опфатени основните животни продукти, така што зголемувањето на цените овие денови е неоправдано. Ќе ѝ дадеме на владата 15 до 20 дена да ги врати цените на нивото од пред 1-ви октомври. Доколку тоа не го стори, ќе ги повикаме граѓаните на масовни протести низ цела Србија", изјави Љубисав Орбовиќ, претседателот Сојузот на самостојните синдикати на Србија. Српскиот народ најмногу го почуствува посакувањата на месото, при што пилешкото поскапо за од околу 2,4 на 3,2 евра, свинскиот бут од 4,40 на 6,2 евра, а јунешкиот бут од 5,40 на 6,7 евра. Маслото за готвење има повисока цена од 1,2 на 1,8 евра, а месечниот билет за градскиот сообраќај во Белград од околу 26 на 32 евра. „Она што некогаш претставуваше храна за сиромашните, сега е мислена именка за многу семејства. Куповната моќ на српското население е драстично опадната", предупреди Орбовиќ и ги предупреди српските политичар кои се сега на власт, дека пред изборите ветуваа дека ќе воспостават контрола врз цените. Според здружението на потрошувачите не постои никакво економско оправдување за новите  поскапувања, сметаат дека станува збор за „злоупотребите на монополистичката позиција" на одредени произведувачи и трговски синџири.  Сепак многумина го искористија зголемувањето на ДДВ-то за поскапувањата, министерот за трговијата Расим Љајиќ реагираше со предупредување дека власт „по тоа прашање нема да седи со скрстени раце", но не прецизираше што владата ќе стори. Владата во Србија на 10-ти септември го усвои првиот пакет мерки за стабилизација на јавните финансии, меѓу кои и зголемување на ДДВ-то 18 на 20 отсто, како и укинување на 130 парафискални намети и даноци. Со овој пакет мерки платите во јавниот сектор се ограничени на 162 илјади динари или околу 1.400 евра. Овие мерки според министерот за финансии и стопанство на оваа земја би требало да резултираат со заштеди од околу 26 милијарди динари во последниот квартал од 2012 година и 120 милијарди динари во 2013 година.
 Како мерка за заштита на стандардот на населението, задржана е посебна стапка на ДДВ од 8 отсто на граната, меѓутоа синдикатот укажува дека „производителите и трговците не ги почитуваа владините мерки"

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест