ПОСКАПУВА ЖИВЕАЧКАТА: Скокнале цените на овошјето, зеленчукот, маслото
Објавено во: Економија 07 Јуни, 2021
Поскапува живеачката во Македонија. Има раст од три проценти на трошоците за живот во мај годинава, споредено со минатата година.
Податоците ги објави денеска Државниот завод за статистика и тие покажуваат дека има раст има кај свежиот зеленчук и овошје, маслото, газираните пијалоци, месото, како и течните горива, медицинските услуги, обувките и информатичката опрема, додека намалување има кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, гасот за домаќинствата, моторните возила, велосипедите и книгите. Намалување на индексите на трошоците на животот во мај 2021 година, во споредба со претходниот месец, има кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,3 проценти.
foto freepik