Добивај вести на Viber
Од денеска, данокот на додадена вредност во Србија ќе порасне од 18 на 20 проценти, додека за животните намирници останува непроменет , односно 8 %. Со новата мерка се очекува прилив од 35 милијарди динари повеќе во државниот буџет до 2013-та година.
Од денеска се зголемуваат акцизите за дизел гориво, течен нафтен гас и цигари. Акцизите на дизел горивото ќе бидат зголемени од 37 на 42 динари за еден литар, додека акцизите на цигарите ќе се зголемат од 33 на 43 динари.
Уште една новина е и тоа што занаетчиите нема да бидат обврзани да користат фискални каси.