28 Март, 2024
0.0257

Поскапеа горивата: Возиме најевтин дизел, ама бензините ни се поскапи од некои земји членки на ЕУ

Објавено во: Економија 19 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Од синоќа на полноќ возиме на поскапи горива. Се зголемија цените и на дизелот и на бензините. 

Бензинот Еуросупер БС-95 и дизелот поскапе за еден денар по што литар еуросупер од 95 октани чини 63 денари додека малопродажната цена на Еуродизел изнесува 54,5  денари за литар. 

Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98 и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемија за денар и половина. Од полноќ цената на Еуросупер БС-98 изнесува 65 денари за литар додека литар екстра лесното масло за домаќинство се продава за 54,5 денари.

Споредба на цените со некои земји од Европската Унија покажуваат дека во Македонија дизелот е најевтин, но еуросуперот кај нас е поскап за разлика од некои членки на Унијата.

Растот на цените е производ на стабилизацијата и очекувањата од вакцините

„Охрабрувачката имунизација со вакцините против КОВИД 19 и ефектите од договорот на ОПЕК за ограничување на производството во следните месеци се клучните причини поради кои минатата недела берзанските цени на сите нафтени деривати се зголемија – и тоа е едниот фактор кој влијае директно врз денешната одлука. Вториот фактор е зголемувањето на курсот на денарот во однос на доларот. По двомесечен постојан пад, за прв пат се регистрира зголемување на курсот на денарот во однос на доларот и просекот на истиот е за околу 0,845 проценти повисок од просекот на курсот по кој беа формирани цените со претходната пресметка,  изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Можеби ќе ве интересира

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“