29 Март, 2024
0.0266

ПОШТА И ПОНАТАМУ ЌЕ ИМА МОНОПОЛ НА ПАЗАРОТ НА РЕЗЕРВИРАНИ ПОШТЕНСКИ УСЛУГИ, законските измени се во собрание

Објавено во: Економија 23 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Пошта на Република Македонија да има ексклузивно право да обезбедува резервирани поштенски услуги до 31 декември 2023 година, предвидува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за поштенски услуги, што по скратена постапка, денеска доби поддршка од матичната собраниска Комисија.

Комисијата за транспорт, врски и екологија, без дискусија го проследи Предлог-законот на натамошна постапка во Собранието, откако заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи извести дека за предложените законски измени не се доставени амандмани.

– Целта на Предлог на законот е да се обезбеди период за усогласување на работењето на Пошти на Република Северна Македонија согласно со потребите кои ќе произлезат од либерализацијата на поштенските услуги - стои во образложението од Министерството за транспорт и врски.

Со Предлогот се додава нов член 41а, со кој на националниот операторот му се дава можност да продолжи да ја дава универзалната услуга со која ги обезбедува пратките за кореспонденција од стандардна категорија во првата тежинска стапка.

- Резервираните поштенски услуги давателите се должни да ги обезбедуваат по цена најмалку два и пол пати повисока од цената по која давателот на универзална услуга ги обезбедува пратките за кореспонденција од стандардна категорија во првата тежинска стапка. Ограничувањата за тежина и цена од ставот (1) на овој член се однесуваат и на услугата на директната пошта. Забрането е давателите на поштенски услуги да обезбедуваат пратки за кореспонденција и услуги на директна пошта од ставовите (1) и (2) на овој член по цени пониски од пропишаното ограничување - гласи членот 41а.

Можноста националниот оператор да има ексклузивно право да обезбедува резервирани поштенски услуги до 31 декември 2023 година е предвидена во член 4.

Пазарот на поштенските услуги беше накратко отворен за целосна конкуренција на 1 јануари минатата година, кога беше укинат поштенскиот монопол, но на 14 јули 2021 година беше воведена законска измена со која се врати поштенскиот монопол. Целосно отворање на пазарот повторно се случи на 1 јануари годинава, а со предложените измени и дополнувања на Законот за поштенски услуги, повторно треба да се овозможи екслузивно право за националниот оператор за резервираните поштенски услуги. Резервираниот дел  за Пошта на Северна Македонија  како давател на универзалната услуга се однесува на пратките за кореспонденција (писма и поштенски картички) до 50 грама со ексклузивно право во однос на цената. И приватните поштенски оператори можат да ја извршуваат и резервираната поштенска услуга, но со цена повисока за најмалку два и пол пати од таа по која ги обезбедува давателот на универзалната услуга.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат